Плоштад Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поврзано: Плоштад Македонија (Софија)
Плоштад Македонија
Skopje X90.JPG
Поглед на плоштадот од Камениот мост
Податоци
Место Скопје
Земја  Македонија
Поглед на целиот плоштад пред земјотресот
Гравура на која е претставено подрачјето на денешниот плоштад и околината во 1594 г.

Плоштадот Македонија е главниот плоштад[1] на градот Скопје, престолнината на Македонија. Плоштадот бил изграден во периодот помеѓу 1920 до 1940 година. Урбанистички, на плоштадот се наоѓале поголем број значајни објекти како: Народната банка со мермерни фасади, монументалниот Офицерски дом, Ристиќева палата, Палата Мазура итн.

Плоштадот немал име сè до влегувањето на Македонија во ФНРЈ, кога плоштадот го добива името „Маршал Тито“. Првин, тоа било проширен дел од улицата на десната страна од Стариот мост, која го поврзувала левиот дел на градот со првата железничка станица во Скопје, а кој служел и како пазар.

Денешниот плоштад е еден од трите концепирани плоштади на десната страна од реката Вардар со првите урбанистички проекти за модерно Скопје во почетокот на минатиот век. Трите плоштади биле структурно поврзани со улични мрежи, имитирајќи „необарокни“ или „париски“ елементи и теми по урнек на тогашните „урбанистички каталози“. Замислата за „трилинг на плоштади“, како мрежно јадро во централната структура на градот со тек на времето е изменета, потоа и девастирана. До земјотресот во 1963 година плоштадот е дограден со два значајни објекта: Стоковната куќа и палата „Пелистер“. По земјотресот формално и содржински состојбата фатално е изменета и осиромашена.

Местото најчесто служи за одржување на голем број на културни, политички и други манифестации. Од овој плоштад била најавена независноста на Република Македонија од Југославија во 1991 година, од страна на тогашниот претседател Киро Глигоров.

Во 2003 година од Плоштадот Македонија била отстранета старата коцка, целосниот приод и изглед модифицирани, користејќи гранитни плочи и дел од старата коцка со цел да се долови дел од неговата историја. Почетниот дел на плоштадот е обележан со цветен круг кој треба во иднина да се трансформира во голема фонтана.

Во 2007 година, македонската влада најавила дека планира да се реконструира Офицерски дом, Скопското кале како и самиот плоштад, бидејќи скоро сите градби биле срушени по земјотресот во Скопје од 1963 година.

Општина Центар во 2011 го изградила и отвориласпоменикот на Александар Македонски наречен „Воин на коњ“ висок 22 метри во облик на фонтана.[2] Освен тоа најавени се и голем број на други споменици поврзани со историјата и културата на македоснкиот народ. Покра ова, на поштадот има споменици на разни дејци од македонската историја, споменик на Цар Самуил, и тн.[3]

Некои споменици[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]