Бејоглу

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Булевар Истиклал во Бејоглу

Бејоглу е округ кој се наоѓа на европската страна на Истанбул, Турција. Овој регион се наоѓа на т.н. историски полуостров во Константинопол од страната на Златниот Рог. Во текот на средниот век, регионот се викал Пера, и тоа име се одржало до создавањето на модерната турска република.

Областа опфаќа повече населби кои се наоѓаат северно од Златниот Рог, меѓу кој: Галата, Каракој, Чихангир, Шишхан, Тепебаши, Тарлабаши, Долапдере и Кашимпаша. Областа е позната по активниот уметнички живот, забава и култура во Истанбул. Со центарот на градот, Бејоглу е поврзан со мостот Галата.

Содржина

[уреди] Историја

Територијата на денешен Бејоглу била населена уште од времето на Исус Христос. Во римско време, името на оваа област се викала Сикај и Перан кое во превод значело “од другата страна на Златниот Рог“. Во времето кога Византија започнала да го проширува градот и неговите ѕидини, овој регион започнал да се нарекува Галата. Името Галата потекнува од грчкиот збор Galaktos што значи млеко. Според некои верувања пак, се смета дека името доаѓа од галите.

Областа можеби била основана по доаѓањето на европските трговци, оснобено од Џенова и Венеција. Во тој период, областа била позната под името Пера. По Четвртата крстоносна војна, регионот бил под управа на Венеција. Црквата Свети Павле и Доменик (денеска Арапска џамија) датира од тој период.

Во 1273 година, Пера била дадена на Република Џенова од страна на Михаил VIII Палеолог во замена да Џенова ја подржи Византија во Четвртата крстоносна војна. Во 1316 година била изградена Џеновската палата[1] Во 1348 година била изградена познатата Кула Галата. Тогаш кулата била наречена Christea Turris (односно Кулата на Христос). Под контрола на Џенова, областа останала до падот на Константинопол во 1453 година.

[уреди] Најпознати места

[уреди] Збратимени општини

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски


41°01′55″N 28°58′34″E / 41.03194°N 28.97611°E / 41.03194; 28.97611

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици