Кукуш (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Кукуш
Δήμος Κιλκίς

Општина Кукуш на картата на областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Кукуш
Гео. област:
Население: 55.357 (2021)
Седиште: Кукуш
Нас. места: 114
Пошт. бр.: 611 00
Пов. бр.: 23410-2 до 7
Портал: e-kilkis.gr

Кукуш (грчки: Δήμος Κιλκίς, Димос Килкис) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Кукуш.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Кукуш е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на седум општини: Аканџали, Галик, Горчливо Езеро, Дојран, Круша, Кукуш и Хрсово.

Општинска единица Аканџали[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Аканџали на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Аканџали со седиште во Станица Аканџали (Статмос Мурион) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Станица Аканџали
  • Општински оддел Аканџали
  • село Аканџали (Μουριές, Муриес)
  • село Атли (или Аатли, Ехатли; Καβαλλάρης, Каваларис)
  • село Ќолеменли (Παλαιό Λιθωτό, Палео Литото)
  • Општински оддел Попово
  • Општински оддел Света Петка

На територијата на општинската единица се наоѓале и напуштените села Брест (Акролимнио), Карлобаси (Критика) и Робово (Родонас). Поранешните села Горно Горбасово (или Горно Гарбали; Ано Сурмена), Долно Горбасово (или Долно Гарбали; Като Сурмена) и Чаали (Микровриси) се припоени кон Станица Аканџали. Савџели (Платаниес) и Буламачли (Акакиес) се припоени кон Аканџали.

Општинска единица Галик[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Галик на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Галик со седиште во Караџа Кадар (Камбанис) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Караџа Кадар
  • Општински оддел Воловод
  • Општински оддел Саламаново
  • Општински оддел Амбарќој
  • Општински оддел Хасан Абас
  • Општински оддел Чоколово

Општинска единица Горчливо Езеро[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Горчливо Езеро на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Горчливо Езеро со седиште во Али Хоџалар (Микрокамбос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Али Хоџалар
  • село Али Хоџалар (или Али Хоџалар; Μικρόκαμπος, Микрокамбос)
  • Општински оддел Сари пазар
  • Општински оддел Карабунар
  • село Ново Женско (Νέο Γυναικόκαστρο, Нео Гинекокастро) новосоздадено
  • село Долно Постолар (Κάτω Απόστολοι, Като Апостоли)
  • село Вакуфи (Βακούφι) новосоздадено
  • село Смрдешник (или Кокарџа; Κοκάρτζα, Кокарѕа) новосоздадено
  • Општински оддел Хаџилар
  • село Хаџилар (Ξυλοκερατιά, Ксилокератија)
  • село Ѓолбаш (или Ѓол Оваси; Πικρολίμνη, Пикролимни)
  • село Бакеика (Μπακαίικα) новосоздадено
  • Општински оддел Верланица
  • село Верланица (или Верланџа; Παλιό Αγιονέρι, Палио Агионери)
  • Општински оддел Нова Верланица

Општинска единица Дојран[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Дојран на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Дојран со седиште во с. Дојран (Дојрани) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Патарос
  • Општински оддел Владаја
  • Општински оддел Сурлово
  • село Сурлово (или Сурлево; Αμάραντα, Амаранда)
  • село Димонци (Άγιος Χαράλαμπος, Агиос Хараламбос)

Општинска единица Круша[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Круша на картата на некогашниот округ Кукуш.
Библиотеката во Рошлово.

Општинската единица Круша со седиште во Коркутово (Терпилос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Коркутово
  • село Коркутово (или Коркут; Τέρπυλλος, Терпилос)
  • село Мутулово (Μεταξοχώρι, Метаксохори)
  • село Неманци (или Чомлекчи; Διπόταμος, Дипотамос)
  • Општински оддел Арбур
  • село Арбур (или Арбури; Κορωνούδα, Коронуда)
  • Општински оддел Врлан
  • Општински оддел Грамадна
  • Општински оддел Долно Тодорак
  • Општински оддел Кара Ахматли
  • Општински оддел Кушево
  • село Кушево (или Кушово; Κοκκινιά, Кокинија)
  • село Междурек (Μελισσουργείο, Мелисургио)
  • Општински оддел Ќосе Мурџели
  • Општински оддел Мирово
  • Општински оддел Морарци
  • село Морарци (или Морафча; Αντιγόνεια, Антигонија)
  • село Исманли (или Исмаили; Исмаил; Γάβρα, Гавра)
  • село Рамна (Μονολίθι, Монолити)
  • село Алексово (или Нехире Мутне; Алексија; Μυλοχώρι, Милохори)
  • Општински оддел Папрат
  • Општински оддел Пејково
  • село Пејково (Άγιος Μάρκος, Агиос Маркос)
  • село Лелово (Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос)
  • Општински оддел Планиница
  • село Планиница (или Планица, Липлак; Φύσκα, Фиска)
  • село Срчали (Σπουργίτης, Спургитис)
  • Општински оддел Равна
  • село Равна (или Рамна; Ίσωμα, Исома)
  • село Кочан (или Кочана; Ριζανά, Ризана)
  • Општински оддел Рајаново
  • Општински оддел Рошлово
  • село Рошлово (или Доганџи, Дованџе; Γερακαριό, Геракарио)
  • село Сарајли (Παλατιανό, Палатијано)
  • Општински оддел Севендекли
  • Општински оддел Хаџи Бајрамли
  • Општински оддел Шемница

Општинска единица Кукуш[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Кукуш на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Кукуш ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Кукуш
  • Општински оддел Ајдарли
  • Општински оддел Армутчи
  • село Армутчи (Μεγάλη Βρύση, Мегали Вриси)
  • Општински оддел Грбашел
  • село Грбашел (или Грбасел; Καστανιές, Кастаниес)
  • Општински оддел Дурасанли
  • село Дурасанли (Μεσιανό, Месијано)
  • село Даутли (Δαφνοχώρι, Дафнохори)
  • село Женско (Старо Женско; Παλαιό Γυναικόκαστρο, Палео Гинекокастро)
  • село Ишикли (или Ашикли, Ашиклар; Λεβεντοχώρι, Левендохори)
  • Општински оддел Ени Маало
  • Општински оддел Крецово
  • Општински оддел Пазарли
  • Општински оддел Сари Ѓол
  • Општински оддел Хаџи Јунус

Општинска единица Хрсово[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Хрсово на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Хрсово ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Хрсово
  • село Хрсово (Χέρσο, Херсо)
  • село Крондирци (или Калиндир, Килиндир, Келиндир; Καλίνδρια, Калиндрија)
  • село Новоселјани (или Ениќој, Јениќој; Ελευθεροχώρι, Елевтерохори)
  • село Рапеш (или Ратеш; Ηλιόφωτο, Илиофото)
  • Општински оддел Маловци
  • Општински оддел Усуслу
  • село Усуслу (Πλαγιά, Плагија)
  • село Иракли (или Ерекли; Κορομηλιά, Коромилија)
  • село Поторес (или Потрос; Αγία Κυριακή, Агија Киријаки)
  • Општински оддел Чугунци
  • село Чугунци (Μεγάλη Στέρνα, Мегали Стерна)
  • село Калиново (Σουλτογιανναίικα, Султојанејка)
  • село Мијалово (или Михалово; Μιχαλίτσι, Михалици)

На територијата на општинската единица се наоѓало и денес непостоечкото село Врагитурци (или Вергетур; гр. Σωτηρούδα, Сотируда).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.