Браќани

Координати: 41°39′45″N 21°11′4.92″E / 41.66250° СГШ; 21.1847000° ИГД / 41.66250; 21.1847000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Браќани
Браќани во рамките на Македонија
Браќани
Местоположба на Браќани во Македонија
Браќани на карта

Карта

Координати 41°39′45″N 21°11′4.92″E / 41.66250° СГШ; 21.1847000° ИГД / 41.66250; 21.1847000
Регион Долно Поречие
Општина Македонски Брид
Шифра на КО
Браќани на општинската карта

Атарот на Браќани во рамките на општината
Браќани на Ризницата

Браќани — поранешно село во западна Македонија, денес на територијата на Општина Македонски Брод.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во облеста Долно Поречие меѓу селата Могилец, Инче и Ковче. Денес во некогашниот атар на Браќани се наоѓа комплексот на фабриката „Сувенир“.

Историја[уреди | уреди извор]

Податоците од XIX век велат дека Браќани е албанско село во Поречката нахија на Кичевската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Браќани (Браканъ) има 50 жители, по народност Албанци муслимани.[1]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото станува дел од Кралството Србија, како и цела Вардарска Македонија.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. рускиот славист Афанасиј Селишчев го означува Браќани како албанско село.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  2. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]