Лаг

Координати: 41°38′04″N 21°13′52″E / 41.63444° СГШ; 21.23111° ИГД / 41.63444; 21.23111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лаг
Лаг во рамките на Македонија
Лаг
Местоположба на Лаг во Македонија
Лаг на карта

Карта

Координати 41°38′04″N 21°13′52″E / 41.63444° СГШ; 21.23111° ИГД / 41.63444; 21.23111
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Долно Порече
Население ? жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 493 м
Лаг на општинската карта
Податотека:Лаг во Општина Македонски Брод.svg

Атарот на Лаг во рамките на општината
Лаг на Ризницата

Лаг — село во средишниот дел на Општина Македонски Брод, централно-западна Македонија. Оддалечено е на околу 21 км северно од општинското седиште Македонски Брод.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долно Порече, на левиот брег на реката Треска (Голема), меѓу Долни Манастирец од југ и Модриште од север.

До Лаг се стасува по локален пат кој скршнува од регионалниот пат 1106 (Јурумлери - Суводол) на 2 км јужно од Модриште.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е прогласено за самостојна населба во 2014 г.[2], а дотогаш му припаѓало на крајниот североисточен дел на атарот на Долни Манастирец.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Најзначајна дејност во селото е земјоделството. На ридските падини над Лаг е наоѓа сончевата електрана „Манастирец“ за производство на електрична енергија со моќност од 10 мегавати.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (149): 1. 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 октомври 2020.
  3. „Поранешен партиски директор прави дар-мар со фотонапонски централи во Македонија“. Фактор Портал. Посетено на 3 јануари 2024.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]