Сончева ќелија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сончева ќелија

Сончева ќелија е електричен уред кој директно ја претвара енергијата на светлината во електрична енергија со помош на фотоелектричен ефект. Таа е форма на фотоелектрична ќелија која, кога е изложена на сончева светлина, може да генерира и одржува електрична струја без да е приклучена на надворешни извори на напон.
Во оваа група спаѓаат соларните модули, познати како соларни панели и фотонапонските плочи кои користат и други извори на енергија освен сонцето.

Фотоелектричниот ефект откриен во 1839 година од страна на францускиот физичар А.Е.Бекуерел, но првата ќелија е изработена дури во 1883 година од страна на Чарлс Фриц. Ја изработил така што покрил полупроводник од селен со многу тенок слој на злато за создавање на врска. Ефикасноста на уредот била само околу 1%. Во 1888 година руски физичар Александар Столетов ја направил првата фотоелектрична ќелија врз основа на надворешниот фотоелектричниот ефект, кој бил откриен од страна на Хајнрих Херц 1887. Алберт Ајнштајн во 1905 година го објасни фотоелектричниот ефект за кој ја доби Нобеловата награда за физика во 1921 година. Расел Охл во 1946 година ја патентирал модерната полупроводничка соларна ќелја, која била откриена за време на работа на подобрување во развојот на транзистор.