Бабуна (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Реката Бабуна)
За други значења на поимот Бабуна, видете на појаснителната страница
Бабуна
Бабуна во близина на Велес
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоЈакупица
 • координати41°42′6.8″N 21°26′38″E / 41.701889° СГШ; 21.44389° ИГД / 41.701889; 21.44389
 • надм. вис.1.720 м
Устие 
 • место
Вардар
 • координати
41°41′13.9″N 21°48′24.1″E / 41.687194° СГШ; 21.806694° ИГД / 41.687194; 21.806694Координати: 41°41′13.9″N 21°48′24.1″E / 41.687194° СГШ; 21.806694° ИГД / 41.687194; 21.806694
 • надм. вис.
155 м
Должина65 км
Големина на сливот612 км2
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море

Бабуна — река во Македонија, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км2[1]. Бабуна протекува јужно и југозападно од Велес.

Течение[уреди | уреди извор]

Реката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава[2] и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица од левата и планината Бабуна од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото Нежилово тече во јужен правец до Богомила[2]. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото Оморани од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во Вардар[3]. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.[4]. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река[2]. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.

Галерија[уреди | уреди извор]

Реката помеѓу селата Богомила и Нежилово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „- РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА "СЛИВ НА ВАРДАР - СРЕДНО ТЕЧЕНИЕ" ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. стр. 3-4“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2014-05-14.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 138
  3. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 129
  4. Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979

Надворешни врски[уреди | уреди извор]