11 септември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1683  Јован III Собјески од Полска пристигнал со своите војски пред Виена и помогнал во победата над турските војски кои ја држеле под двомесечна опсада.
1903  На планината Плавица, во близината на Кратово, здружените чети на војводите Славчо Ковачев и Атанас Бабата воделе еднодневна борба со турската војска.
1905  На битолскиот Ат-пазар бил јавно обесен војводата Александар Турунџиев.
1941  Претседателот на САД Франклин Рузвелт издал наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната полутопка. Тоа значело конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанале на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапиле во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбор.
1943  На патот Кичево-Охрид, баталјонотМирче Ацев“ урнал три моста и исекол 130 столбови, а во селото Сливово ја запалил жандармериската станица.
1944  Сојузничките сили го зазеле Луксембург и се пробиле на германска територија.
1944  Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села.
1944  Ресен бил ослободен од фашистичкиот окупатор.
1973  Со воениот удар во Чиле, предводен од Аугусто Пиноче, убиен е претседателот Салвадор Аљенде и воспоставена е антикомунистичка воена диктатура.
1996  Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1997  Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).
2001  Во САД биле извршени терористички напади во кои загинале 3.000 луѓе. Одговорноста за нападите ја презела организацијата Ал Каеда на Осама бин Ладен.
2003  Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд починала откако претходниот ден била прободена со нож од Мијаило Мијаиловиќ, роден во Шведска со српско потекло.