Христо Батанџиев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Христо Батанџиев (роден во Гуменџе, Ениџевардарско) е еден од основачите на МРО односно ТМОРО. Тој најпрво работел како учител во солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа бил секретар во солунската општина и Егзархиската Митрополија во Солун. Како патриот, загрижен за судбината на Македонија ѝ пристапил на групата македонски интелектуалци-истомисленици, со кои во Солун ја основале Македонската револуционерна организација. По Младотурска револуција во 1908 година и Хуриетот бил активен член на Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија.
Загинал заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 година, бил фрлен и удавен во морето од Грците.

