Иван Групчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Групчев
Роден 21 јануари 1874
Охрид, Македонија
Починал 11 јуни 1963
Софија, Бугарија

Иван Групчев — македонски револуционер и деец на Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1874 година во Охрид. Припаѓа на големиот род Групчеви (Групче). Во 1892 година завршува Солунската машка гимназија. Уште во 1894 година влегува во ВМОРО. Во 1903 година властите го апсат и протеруваат во Синоп, но е амнестира во 1904 година. Од 1905 до 1907 година е член на Охридскиот околиски револуционерен комитет.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година заедно со својот брат Ѓорѓи Групчев е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во Трета посебна партизанска чета, предводена од Петар Чаулев. Во Втората балканска војна е во Здружената партизанска чета. Учествува во привремената управа во Охрид за време на Охридското востание.

Во Првата светска војна за време на бугарската окупација на Вардарска Македонија, Групчев е градоначалник на Охрид [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 37.
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 408