Атанас Кршаков

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Атанас Кршаков
Atanas Karshakov Smrdesh IMARO.JPG
Роден 1883[1]
Косинец, Македонија
Починал 4 јули 1907
Стенско, Грција

Атанас Кршаков бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

[уреди] Биографија

Тој е роден во с. Косинец, Костурско. Учествувал во револуционерните борби уште пред Илинденското востание.

Еден месец пред Востанието бил потешко ранет во една борба со турскиот аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание. По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчките андарти.

Грчкиот андартски капетан Пердикас, кој извршил бројни злодела врз месното население, бил ликвидиран токму од овој македонски војвода.

Во една од тие борби, во 1907 година, кај с. Грче, Костурско, загинува и војводата Кршаков. Неговите четници му ја отсекле неговата глава за да му ја зачуваат и тие биле фотографирани од Леонидас Папазоглу [2].

[уреди] Извори

  1. Λεωνίδας Παπάζογλου, Φωτογραφικά πορτραίτα από την Καστοριά και την περιοχή της την περίοδο του Μακεδονικού Αγώνα, Μουσείο Φωτογραφίας Θεσσαλονίκης, 2004, σ.103. Според Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр.302. Кършаков е роден 1880 година.
  2. „По дирите на андартите“, „Илюстрация Илинден“, година I, брой 3.

[уреди] Галерија

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици