Георги Голев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Голев

Георги Голев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Георги Голев е роден во 1869 година во село Банско, кое тогаш е во Отоманското Царство. Потекнува од големиот род Голеви, негов внук е Борис Голев. Учи во класно училиште при Никола Попфилипов и во 1894 година завршува педагошка курс во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Заедно со Гоце Делчев и Радон Тодев е учител во Банско, а од 1896 година по заминувањето на Делчев е главен учител. Влегува во револуционерен комитет основан од Гоце Делчев. Прогонуван е од страна на властите и се населува во Софија. Учествува во подготовката на Илинденското востание. За време на востанието е војвода на чета од 50 души. По востанието отвора книжарница во своето родно село. По ослободувањето на Банско е претседател на Либералната партија (радослависти) и како нејзин кандидат во 1914 година е избран за народен претставник од Разлог во XVII Бугарско Народно собрание [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 213.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 35.