Јонко Вапцаров

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Јонко Вапацаров
Yonko Vaptsarov IMARO Bansko.JPG
македонски револуционер
Роден 1880
Починал 21 јануари 1939
Софија, Бугарија

Иван Николов Проданичин познат како Јонко Вапацаров, со псевдоним Белоречки, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој е татко на Никола Вапцаров.

Содржина

[уреди] Биографија

[уреди] Македонска револуционерна организација

Јонко Вапцаров е роден во Банско, тогаш во Отоманската империја. Татко му Никола Проданичин загинува во ослободителни борби на македонското население. Завршува 6 класа во Банско и се вклучува во ВМОРО во 1896 година. Станува секретар на Банскиот револуционерен комитет. Во 1901 година учествува во разоружувањето на врховистот дедо поп Најден во селото Србиново заедно со Јане Сандански. Учествува во аферата "Мис Стоун". Во 1902 година станува војвода на чета во родниот крај. По Илинденското востание во 1903 година е уапсен и лежи во затвор во Солун. По Младотурската револуција во 1908 година е ослободен.

За време на Првата балканска војна е војвода на чета при Македонско-одринското ополчение. Зборната чета на Иван Вапцаров, Христо Чернопеев, Пејо Јаворов и Лазар Колчагов ги ослободува Банско, Мехомија и Кавала. Подоцна Вапцаров служи при 13-та кукушка дружина [1]. Веднаш по ослободувањето на родниот крај во 1912 година станува околиски началник на Разлошката околија.

Според некои извори, Jонко Вапцаров, веќе како окружен раководител на ВМРО, заврзал лично пријателство со царот Фердинанд I. Јонко Вапцаров патува за Цариград во 1916 година, за да го разреши имотното прашање на Фердинанд [2]. На 13 октомври 1917 година во домот на Јонко Вапцаров, на пат за Солунскиот фронт, ноќевале кајзер Вилхелм II и Фердинанд I [3]. Добри односи Јонко Вапцаров одржувал и со царот Борис III [4].

[уреди] ВМРО

Јонко Вапцаров (трети), Иван Михајлов (четврти) и Стојан Филипов (последен).

По Првата светска војна Иван Вапцаров учествува во создавањето на ВМРО. Во 1921 година е избран за помошник градоначалник на Банско. Во 1926 година е полномошник на ЦК на ВМРО и добива плата во висина 4 500 лева [5]. По расцепот на ВМРО е на страната на десницата, но по убиството на Александар Протогеров во 1928 година влегува во конфликт со Иван Михајлов и во пролетта 1929 година, михајловистите прават обид за убиството на Вапцаров, кој потоа се населува во Њујорк кај свои роднини. Се враќа во Бугарија во 1930, а во 1933 година е киднапиран од михајловистка чета, но е ослободен по 19 - то мајскиот државен удар во 1934 година.

Јонко Вапцаров умира во 1939 година во Софија.

[уреди] Наводи

  1. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 108, 894.
  2. Николов, Григор. Скандали, бунтове и смърт заради царските гори, в. Сега, 12.8.2003 г.
  3. Национален литературен музей Къща музей „Никола Вапцаров“ София, Живитопис на Никола Вапцаров
  4. Николов, Григор. Скандали, бунтове и смърт заради царските гори - 2, в. Сега, 13.8.2003 г.
  5. Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр.167
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици