Никола Пазарџиклијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Ангелов Груjчин
Роден 1873
с. Пазарџик, Бугарија
Починал 1908
Софија, Бугарија

Никола Ангелов Груjчин е револуционер од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1873 година во Пазарџик, тогаш во Османлиското Царство. Учи таму, а потоа во Софија каде влегува во Организацијата. Во 1901 година Пазарџиклијата станува четник при неврокопскиот воjвода Стојан Малчанков. Со почетокот на Илинденското востание Никола Груjчин учества во борбата што се водела со турскиот аскер, а потоа е самостоен воjвода на чета и се бори во Разлошко, заедно со четите на Михаил Чаков, Јане Сандански, Стојан Малчанков и Иван Апостолов. Во Софија во текот на 1904 година Груjчин учeства во реорганизациjaта на ТМОРО и е куриер на Задграничното претставништво. Префрла оружје во Македонија со Малчанков и Михаил Чаков. Во периодот на 1905 - 1906, Пазарџиклијата е пак во Македонија како Кривопаланечки воjвода, каде ја возобновува мрежата на ВМОРО. Во 1907 година се вратил во Софиja и при избувнувањето на меѓусебни борби меѓу македонско-одринските дејции е убиен во 1908 година, најверојатно од приврзаници на Јане Сандански [1][2][3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 50.
  2. Биография от сайта на ВМРО[мртва врска]
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 37.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]