Антигон Хаџов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Антигон Хаџов
Antinogen Hadzhov.JPG
македонски револуционер
Роден 16 јули 1874
Струга, Македонија
Починал 21 јули 1912
Струга, Македонија

Антигон, или Антиноген, (Гени) Димитров Хаџов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и еден од членовите на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија [1].

[уреди] Биографија

Хаџов е роден 1874 година во градот Струга, како единствено дете во семејството на егзархиски наставници. Во 1892 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и станал учител во Струга. Влегол во Македонската револуционерна организација уште како ученик, посветен на Александар Чакаров.

Во почетокот на 1903 година станува учител во егзархиската прогимназија во Крушево и зема учество во подготовките на востанието. Во текот на Илинденското востание бил член на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија и учествувал во одбрана на Крушевската република.

По востанието се легализирал и станува учител во Охрид, каде што е член на околискиот револуционерен комитет [2]. Според Милан Матов:

Во овој период... најголемата вистинска полза (имаше б.н) од Гени, зашто целата интелигенција беше емигрирале и само тој остана од неа да му помага на Христо Узунов. Со тоа тој решително помогна да се обноват револуционерните групи покрај целото Охридско Езеро [3].

[уреди] Извори

  1. Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 177.
  3. Матов, Милан. Най-комитата разказва..., София, 2002, стр. 37.

[уреди] Литература

  • Историја на Македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици