Ангел Чалаков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангел Чалаков
македонски револуционер
Роден(а)Свиленград, Бугарија
Починал(а)11 март 1901
Љубимец, Бугарија

Ангел Керезов Чалаков — македонски револуционер (од бугарско потекло), деец на Македонската револуционерна организација, учесник во македонското револуционерно движење, кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Животопис[уреди | уреди извор]

Чалаков е роден во 1865 година во Свиленград, тогаш во Отоманското Царство. Завршува основно образование и втор прогимназијален клас во родниот град и станува учител. Од 1883 до 1887 година учителствува во Ново село, Одринско, потоа две години во селото Кемал, а потоа во Узункпријско и од 1891 до 1893 година во Димотика, еден од центрите на грцизмот во Тракија. Во 1894 година станува учител во родниот град.

Влегува во МРО веднаш по основањето на организацијата во 1894 година и станува член на револуционерниот комитет во Свиленград. Во 1897 година, следен од властите, емигрира во Бугарија и од 1898 до 1899 година е раководител на пограничниот комитет на МРО во селото Хебибчево, Хасковско, денес град Љубимец, и таму организирал испраќање на чети, курири и други. Во 1900 година е делегат на Харманлиското друштво на VІІ македонски конгрес.[1] Умира од туберкулоза во 1901 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Билярски, Цочо. Княжество България и македонският въпрос, т.1. Върховен македоно-одрински комитет 1895 - 1905 (Протоколи от конгресите), Българска историческа библиотека, 5, Иврай, София, 2002, стр. 169.