Сотир Ѓаков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сотир Ѓаков
Роден 1854
Сенокос, Бугарија
Починал 1940
непознато

Сотир Ѓаков — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1854 година во селото Сенокос. Неговиот син Милан Ѓаков е војвода на ВМОРО. Сотир Ѓаков учествува во Кресненското востание, а по неговото задушување се прикривал, а неговиот домот бил опожарен. Влегува во ВМОРО и станува јатак и курир на Јане Сандански. Учествува во аферата Мис Стоун, во текот на една недела ја прикрива четата на Сандански заедно со грабнатите. Откако Јане Сандански е убиен во 1915 година Ѓаков го напушта македонското револуционерно движење. Умира во 1940 година [1]..

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Македонски войводи и четници, заселили се в Плевен - взето от сайта http://kpetrov.blog.bg/