Марко Христов
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Марко Христов Марков | |
| Андреј Докурчев, Андон Ќосето и Марко Христов. | |
| Роден | 1879 Сопотница, Македонија, Отоманска Империја |
|---|---|
| Починал | 1942 Сопотница, Царство Бугарија |
| Познат | војвода на ТМОРО |
Марко Христов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание.
[уреди] Биографија
Марко Христов Марков е роден во 1879 година во Крушевското село Сопотница, Македонија, тогаш во Отоманската империја. Во 1902 година се приклучил во четите на Веле Марков и Ѓурчин Наумов.
Во Илинденското востание со својот селска чета учествува во одбрана на Крушевската република.
Има неколку борби, кај месноста Кале, Бушева чешма и други. Во 1905 година е четник во Никола Карев и учествува во борбата кај кратовското село Гоце.
Марко Христов починал на 30 јули 1942 година во родното село Сопотница, тогаш во рамките на Царството Бугарија [1].
[уреди] Извори
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 179