Ефрем Чучков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ефрем Чучков
Роден Ефрем Чучков
21 ноември 1870
Кратово, Отоманско Царство
Починал 1 октомври 1923 (возраст: 52)
Софија,  Бугарија
Познат организатор и војвода на ТМОРО
Занимање револуционер
Роднини Емануел Чучков (внук)

Ефрем Чучков (21 ноември 1870 во Кратово1 октомври 1923 во Софија) — македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ефрем Чучков е роден на 21 ноември 1870 година во Кратово, тогаш во Отоманското Царство. Се школувал во Солунската егзархиска гимназија (V клас гимназија), во Софија (две години воено училиште), а го завршил Педагошкото училиште во Казанлак во 1896 година.

По завршувањето на средното образование, работел како учител во штипското Ново Село, а потоа заедно со Гоце Делчев студирал во военото училиште во Софија. Потоа заедно со него и го напуштил училиштето. Учителствувал неколку години во Пехчево и Мелник, каде што започнал да ја развива организациската дејност на Организацијата.

Од крајот на 1897 година, Чучков бил во илегала. Тој бил меѓу организаторите на револуционерната мрежа во Штипско, заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров.[2] Кратко време во текот на 1902 година бил пунктовен началник во Ќустендил[3] при што бил јавно физички нападнат од врховистите.

На 2 јануари 1905 година учествува на Скопскиот конгрес на Скопскиот револуционерен реон. За членови на окружното раководство биле избрани Даме Груев, Ефрем Чучков, Крсто, Мише Развигоров и Атанас Бабата.

По смртта на Мише Развигоров во април 1907 година, Ефрем Чучков, заедно со Тодор Александров бил окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ.[4]

Подоцнежна дејност[уреди | уреди извор]

На Ќустендилскиот конгрес од 1908 година, Ефрем Чучков бил избран за дополнителен член на ЦК, заедно со Петко Пенчев, Павел Христов, Петар Ацев, Аргир Манасиев и Стамат Икономов[5].

За време на Балканските војни, Чучков ја командувал единицата бр. 35, кој учествувала во борбите за Кочани.

По Првата светска војна, тој учествувал активно во обновата на ВМРО, а во тоа време негов четник бил и Дончо Христов.

Чучков бил втората по важност личност во обновената организација, по нејзиниот водач Тодор Александров. Тешко болен, Чучков умрел во Софија на 1 октомври 1923 година.[6]

Негов внук е македонскиот револуционер и политичар Емануел Чучков.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чурулинци“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1634. Text "series " ignored (help)
  2. Дечо Добринов, „Последният цар на планините“, Биографичен очерк за Тодор Александров, "Македония", София, 1992.
  3. Дино Кьосев, „Гоце Делчев. Писма и други материали“
  4. „„Битката за Тодор Александров в Р Македония", в-к "Македония", брой 32, 9 септември 1998 г.“. Архивирано од изворникот на 2009-10-26. Посетено на 2009-10-26.
  5. 100 години от Кюстендилския конгрес на ВМОРО (1908 г.), Слави Славов
  6. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 150-152.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Енциклопедичен речник КЮСТЕНДИЛ А-Я, София, 1988 г., изд.БАН., с.704;
  • Енциклопедия България, том 7, Академично издателство „Проф.Марин Дринов“, София, 1996.
  • Кратка биографија на Ефрем Чучков

Надворешни врски[уреди | уреди извор]