Христо Чочо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Чочо
Роден ?
Бахово, денес Грција
Починал ?
 ?

Христо Чочо или Вескос или Баховитис (грчки: Χρήστος Τσότσιος, Τσότσος, Βέσκος, Μπαχοβίτης) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, по засилувањето на грчката вооружена пропаганда застанал на страната на грчката кауза и како андартски капетан учествува во Борбата за Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Христо Чочо е роден во воденското село Бахово, тогаш во Османлиското Царство. Како арамија ги обиколувал Меглен, Мариово, Тиквеш, Ниџе, Пиново, Кожуф и Пајак планина.

По засилувањето на македонското револуционерно движење влегол во Македонската револуционерна организација и дејствувал со четите на Лука Иванов и Кара Ташо.

На 25 август 1906 година четата им била нападната во близината на селето Сборско од андартската чета на Константинос Гарефис. Во борбата загинале Лука Иванов, Кара Ташо и Константинос Гарефис, според некои нападот бил извршен бивши арамии, четници при Лука Иванов [1]. Во овој судир Христо Чочо бил полесно ранет [2].

Набргу потоа Чочо минал на страната на грчката вооружена пропаганда и заедно со Христос Карапану, Стериос Наум и Лазар Дојамов ја обиколува Пајак планина. Како андартски капетан останал активен сè до Младотурската револуција.

Подоцна бил обвинет дека го убил Константинос Гарефис во борбата кај Сборско но бил ослободен [3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Пърличев, Кирил, „Кюстендилският конгрес на ВМРО 1908 г.“, “ВЕДА-МЖ”, София, 2001 г., стр. 42, 42.
  2. Σύλλογος Σαρακατσαναίων Νομού Καβάλας, Ο Φλάμπουρας, Σαρακατσάνοι και Μακεδονικός Αγώνας
  3. „Πορτραίτα Σαρακατσάνων, Μαρία Καραφυλλιά, το γένος Ντέντα“. Архивирано од изворникот 2012-07-23. Посетено на 2012-07-23.