Грујо Акелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грујо Акелов
Роден 1883
Дедебалци, Битолско, Македонија
Починал 23 април 1905
Биљаник, Битолско, Македонија

Грујо Акелов — македонски револуционер, војвода и деец на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Акелов е роден во 1883 година во битолското село Дедебалци. Од страна на Организацијата бил назначен за полски војвода.[1] Во прво време бил терорист и четник кај војводите Димче Сарванов и Јон Пашата. Станува самостоен војвода. Во април 1905 година е опкружен заедно со четворица свои четници во селото Биљаник, Битолско, и сите загинуваат на 23 април 1905 година во потпалена куќа [2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 2
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.