Михаил Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Михаил Николов
Роден 25 август 1874
Бобишча, Костурско, Македонија
Починал 1 август 1934
Варна, Бугарија

Михаил Николов или Михаил Розов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1874 година во костурското село Бобишча, тогаш во Османлиското Царство, денес Верга, Грција. Брат е на револуционерот Манол Розов. Учи во Солунската машка гимназија, каде што е привлечен кон ВМОРО. По завршувањето, кратко време се школува во Прага, а во 1896 година учителствувал во Дојран и Воден (1898), а во периодот помеѓу 1899 - 1902 година ја извршува должноста директор на егзархиската прогимназија во Костур.

Николов во комитска облека

Заедно со Лазар Поп Трајков и Кузо Стефов, развива силна револуционерна дејност во своето родно Костурско. Во периодот 1900 - 1901 тој е раководител на костурскиот комитет, а во јануари 1902 година, Гоце Делчев го поставил за легален член на раководното тело. Во септември 1902 година е уапсен по разврзувањето на Јосифовата афера и лежи во Корчанскиот затвор до февруари 1903 година, кога е амнестиран.

На Смилевскиот конгрес е избран за член на горското началство заедно со Лазар Поп Трајков, Манол Розов, Пандо Кљшев и Васил Чакаларов. За време на Илинденското востание, заедно со Поп Трајков, Розов и Чекаларов формираа чета во Костурско. Чакаларов е заменет со Иван Попов и со чета од 650 востаници, се упатуваат во Леринско поле, Мориховските планини, Прилепското, а потоа и во Тиквешко каде востанието е многу слабо. Михаил Николов се враќа со 400 четници во Костурско, каде четата се распуштила. По неуспехот на востанието заминува за Бугарија. Продолжува да извршува задачи на ВМОРО, меѓу другото, заминал на средба со српските претставници во Белград.

Во Балканските војни, извршува финансиска служба во Македонија. Во Првата светска војна е војник од 18-та дополнителна дружина. По војната се населил во Варна, каде што е финансиски чиновник и учествува во дејноста на тамошното македонско братство и Илинденската организација [1].

Го помага издавањето на алманахот Македонија. Умира во Варна во 1934 година. Во 1937 година посмртно се објавени неговите спомени: Револуционерното движење во Костурско. Спомени. [2][3][4].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Илюстрация Илинден, 1934, бр.59, стр. 2
  2. Енциклопедия „България“, том 5, Издателство на БАН, София, 1986.
  3. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 385 - 395.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 118.