Никола Митрев-Езерски
| Никола Митрев | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 1865 Елшани, Македонија |
|---|---|
| Починал | по1904 најверојатно во Варна, Бугарија |
Никола Митрев - Езерски е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација
[уреди] Биографија
Роден е во 1864 година во селото Елшани, Охридско. Поради тешките услови за живот наметнати од големата сиромаштија никогаш не посетувал училиште, туку рано почнал да работи како надничар. Во потрага по работа тргнал со група печалбари во Бугарија, и подалеку, дури во земјите под Кавказ.
За време на еден краток престој во Варна, разбрал дека таму постои македонски револуционерен комитет на кој решил да му се придружи.
Избувнувањето на Илинденското востание го затекнало на Кавказ. Оттаму, со дружина од 12 Македонци од Ресенско и Костурско, тргнал во Македонија за да се вклучи во борбите.
Иако останал неписмен до крајот на животот, тој поседувал голема одлучност и организациони способности, поради што во Илинденското востание бил назначен за раководител на Езерскиот востанички реон - така и го добил прекарот Езерски. По задушувањето на востанието, Езерски го продолжил отпорот од густите шуми на планината Галичица.
На крајот било решено да се скрие оружјето и сите борци да се вратат во своите домови. Тогаш, за да се спаси од прогонот на Османлиите, Езерски решил да пребегне во некое место каде бил на печалба и каде би можел полесно да се снајде.[1].
Последен пат е виден во Софија, во 1904 год., со други пребегнати борци од Охридско. Потоа, за понатамошниот негов живот не се знае многу.
Според кажувања на некои македонски печалбари, Никола Митрев - Езерски својот живот го завршил во Варна, поради болест стекната по патот [2]. Неговите потомци живеат во Елшани.
[уреди] Извори
- ↑ Борбата в Костурско и Охридско (до 1904 год.). По спомени на Иван Попов, Смиле Войданов, Деян Димитров и Никола Митрев, съобщава Любомир Милетич, Материали за историята на македонското освободително движение, кн. III, София 1926, с. 108-110
- ↑ Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009