Георги Баждаров
| Георги Баждаров | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 8 февруари 1881 Горно Броди, Отоманска Империја |
|---|---|
| Починал | 19 септември 1929 Варна, Бугарија |
Георги Баждаров бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.
Содржина |
[уреди] Биографија
[уреди] Македонска револуционерна организација
Георги Баждаров е роден на 8 февруари 1881 во серското село Горно Броди, тогаш во Отоманската империја. Образование добива во Солунската машка гимназија (1896 - 1899) и Битолската гимназија (1899 - 1900), каде што заедно со Трпен Марков, Андреј Кезепов, Ѓорѓи Христов и Георги Тодоров формира ученички револуционерен кружок на Бугарското тајно револуционерно братство, на чело со Марков [1].
Учителствува во селото Крушово, Демирхисарско во 1900 - 1901 година и е член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет. По 1901 година е четник при Јане Сандански, од мај 1902 до октомври 1903 година е секретар во четата на Иљо Крчовалијата, а подоцна во четата на Атанас Тешовалијата. Во летото 1903 година е делегат од Серско на конгресот на Серскиот револуционерен округ [2]. Учествува во Илинденското востание.
По востанието се населува во Бугарија и во 1906 година завршува историја и географија на Софискиот универзитет.
По Младотурската револуција во 1908 година учителствува во Солунската егзархиска гимназија (1908 - 1913) и е меѓу основачите на Сојузот на бугарските уставни клубови и е член на градското биро на партијата во Солун. Учествува во основачкиот конгрес на Сојузот на бугарските наставници во Отоманската империја во 1909 година и учествува на неговиот втор конгрес во 1910 година. Уредник е на весниците "Учителски глас" (1910 - 1912) и "Искра" (1911 - 1912) [3].
По Втората балканска воjна во 1913 година се населува во Софија. Од 1913 до 1915 година е учител во Варна, а од 1915 - 1916 и од 1918 до 1920 - во Софија. Автор е на "Револуционерната борба во Македонија", издадена во 1917 година.
[уреди] ВМРО
По создавањето на ВМРО е избран за член на Задграничното претставништво, во 1925 година на Шестиот конгрес во селото Србиново е реизбран на истата функција, заедно со Наум Томалевски и Кирил Прличев. Тој е еден од противниците за преговори со комунистичките сили и во 1924 година се противи на Мајскиот манифест. Од 1919 до 1923 година е главен уредник на весникот "Македонија". Во 1923 година ја издава книгата "Духот на Македонија".
Георги Баждаров е еден од основачите на Македонскиот научен институт и неговиот подпредседател. Уредник е на списанието на "Македонски преглед". Во 1929 година ја издава книгата "Горно Броди", прв и трет том од спомени во 1929 година, а вториот останува за подоцна. Како што самиот вели:
- Втората книга од спомени оставам да ја напишам по третата, бидејќи третата е поважна, а поучна. Ако сум жив, ќе го напишам потоа и вториот дел (1903 - 1918 година).
Георги Баждаров станува жртва на братоубиствената борба во ВМРО, убиен е како поддржувач на Александар Протогеров на 19 септември 1929 година во Варна, во текот на атентатот еден од телохранителите загинува, а двајца се ранети. Според Георги Поп Христов организатор на убиството е Пандил Шишков, поради што и тој бил ликвидиран во знак на одмазда.
[уреди] Наводи
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 136.
- ↑ Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 450.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 388.