Никола Петров Русински

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Никола Петров Русински
Rusinski.jpg
Роден 21 ноември 1875
Русиново, Македонија
Починал 14 јуни 1942
Софија, Бугарија

Никола Петров Русински (Русиново, 21 ноември 1875 - Русиново, 14 февруари 1943) бил македонски социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Бил близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери.

[уреди] Биографија

Неговата револуционерна дејност почнува од 1895 година. Рано му се придружил на Гоце Делчев во неговите обиколки низ Македонија. Во 1898 година се приклучува на Македонската револуционерна социјалистичка група на Васил Главинов.

Во јуни 1900 година учествува на Првата социјалистичка конференција во Македонија, одржана во близина на Крушево. По влегувањето на социјалистите во редовите на ТМОРО, Русински станува истакнат организатор и војвода на чета. Најмногу работел во Западна Македонија – Мариовско, а потоа во Охридско-струшкиот крај. Учествувал на Смилевскиот конгрес, а како војвода со чета, за време на Илинденското востание дејствувал во Мариовско.[1]

Во 1908 година легално живеел во Битола, посветувајќи и се на социјалистичката пропаганда и синдикалното движење.

За време на фашизмот Русински го потпомагал антифашистичкото движење во Бугарија.

Автор е на книгата „Прилог кон историјата на Внатрешната македонско одринска револуционерна организација“.

Во 1997 година во Скопје се издадени неговите „Спомени“.

[уреди] Извори

  1. в. „Нова Зора“, брой 30, 29.07.2008

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици