Васил Чочов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Васил Чочов
V.Iv.Chogov Berovo IMARO.JPG
Подофицер од Бугарија и војвода на ВМОРО
Роден 1862
Берово
Починал 1899
Софија (ден. Бугарија)

Васил Иванов Чочов или Чочев, бил револуционер на Македонската револуционерна организација.

[уреди] Биографија

Васил Чочов е роден во 1862 година во Малешевско село Берово, тогаш во Отоманската империја. Добива основно образование. По Кресненско Разлошкото востание емигрира во Бугарија и станува фелдфебел (подофицер) во бугарската армија. Во 1896-1897 година по иницијатива на Чочов група малешевци формираат во Софија конспиративен кружок во населбата Курубаглар (денес Лозенец). На иницијатива на Гоце Делчев, 15 лица од овој кружок формираат чета, која за свој водач го избира војводата Васил Чочов. Во четата се и Никола Петров Русински, Михаил Апостолов и други. Во пролетта 1897 година четата заминува за Македонија и тоа е првата чета од организацијата во Малешево. Есента во истата година учествува во киднапирањето на Назл'м бег, раководено од Гоце Делчев. Умира во Софија во 1899 година [1].

[уреди] Белешки

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 188.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици