Александар Кипров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кипров

Александар Димитров Кипров — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, еден од солунските атентатори [1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Кипров е роден на 1 март 1881 година во Свиленград во Османлиското Царство, денес во Бугарија. Учи во родниот град. Станува агитатори и организатор во Тракија. Во 1899 година ги основа првите револуционерни комитети во Ахчелебиско и Ксантиско.[2]. Заедно со Димитар Коштанов учествува во копањето на тунел под Отоманската банка во Цариград, 1900 година, но акцијата била откриена. Во пролетта 1901 година е назначен за војвода на чета од 8 подготвена од, подготвена од МРО и ВМОК и со неа врши агитационо-организаторска дејнсот во Мустафапашанско [3]. Подоцна истата година раководи со пунктот на МРО во Хебибчево

Во почетокот на 1902 година Кипров е сменет од метото пунктовен началник во Хебибчево од Јанаки Гочев [4]. Во 1902 година Кипров учествува во Пловдивскиот конгрес на Одринскиот револуционерен округ и истата година предводник чета во Свиленградско во која четник е и идниот воденски војвода Кара Ташо [5]. Врши напад на железничката линија Свиленград - Едрене, во пресрет на Илинденското востание.

Од 1904 година Кипров е еден од основачите и уредниците на хумористични весник "Бугарија". Во 1905 година тој е еден од иницијаторите за формирање на новинарско друштво во Софија. Собранието се одржало во пивницата "Сан Стефано", на плоштадот "Трапезица". По неколку состаноци на 27 ноември 1905 година е усвоен Статутот и е избрано првото раководство. На овој состанок присуствуваат Сава Илчов, Иван Коларов, Иван Павлов Костов, Христо Абрашев, Христо Силјанов, Петар Завоев, Димитар Константинов, Иван Недев, Александар Кипров, Стојан Власаков и Лазар Пулиев Дјадката, кој е избран за претседател.

Подоцна Кипров се приклучува на бугарската прогресивно-либералната партија, а во периодот 1911-1913 е бугарски народен претставник. Умира на 23 декември 1931 година во Свиленград.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
  2. Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 104 - 105.
  3. Петров, Тодор. Нелегалната армия на ВМОРО в Македония и Одринско (1899-1908), Военно издателство, София, 2002 г., стр. 51.
  4. Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 88.
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 71.