Андон Брештенски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андон Брештенски
Роден ?
Брештени, Костурско, Егејска Македонија
Починал 22 февруари 1907
Жупаништа, Костурско, Егејска Македонија

Андон (Доне, Доно) Брештенски — македонски револуционер, костурски реонски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во Костурско село Брештени, Егејска Македонија. Добива основно образование. Влегува во ВМОРО и извршува терористички задачи. Заедно со Вангел Поп Христов го убиваат Ахмед-бег од костурското село Желегоже. Во 1907 година е назначен за војвода на Нестрамкол. Но на пат за областа загинува во Жупаништа заедно со Митре Влаот, Вангел Поп Христов и Иљо В’мбелски. Погребан е заедно со своите другари во Апоскеп, откако нивните тела се изложени во Костур.

На 13 март 1907 година, околиската чета на ВМОРО влегува во Жупаништа и ги казнува со смрт предавниците Кољо Гечов, Ставро Шишов и Димитар Апостолов [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 169 - 174.