Атанас Лозанчев
| Анастас Лозанчев | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 8 април 1870 Битола, Македонија |
|---|---|
| Починал | 8 ноември 1945 Софија, Бугарија |
Анастас Лозанчев (Битола, 8 април 1870 - Софија, Бугарија, 8 ноември 1945) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација [1].
[уреди] Биографија
Роден е во Битола во 1870 година, завршил петти клас гимназија во Солун во 1885, а потоа од 1887 учел фотографски занает во Софија. Од 1891 до 1893 бил егзархиски учител во битолските села Смилево и Могила, а потоа фотограф во Битола. Во 1894 година во Битола бил покрестен од Даме Груев и влегол во првиот битолски револуционерен комитет. Учествува во Ресенското советување, а како раководител допринел за разгранување на организациската мрежа во Битолско. Бил делегат на Солунскиот конгрес на Македонската револуционерна организација во јануари 1903 година, на кој е донесено решение за востание.
На Смилевскиот конгрес заедно со Борис Сарафов и Даме Груев е избран за член на Главниот штаб на востанието за битолскиот округ. Во текот на овој конгрес, Лозанчев како фотограф, направил заедничка фотографија на учесниците на Смилевскиот конгрес [2] , меѓутоа еден од четниците поради непознавање го осветлил материјалот и пропаднала фотодокументазијата за Конгресот [3].
По неуспешното Илинденско востание, до септември 1904 предводел чети во Охридско и Дебарско. Од 1904 до 1908 година живеел во Бугарија. По Младотурската револуција од 1908, се вратил во Македонија кај што останал до воспоставувањето на српската власт по Балканските војни во 1913 година. Од тогаш останал во Софија и не се занимавал со политичка дејност.
[уреди] Извори
- ↑ Шифровано писмо на Павел Христов до Христо Узунов, НБКМ-БИА, Ф. 583, а. е. 64, л. 180, 185
- ↑ Васил Чакаларов..., 224
- ↑ Македония в пламъяаци. Спомени на А. Лозанчев..., 105
[уреди] Надворешни врски
- Спомени на Анастас Лозанчев - на български и на македонски литературен език
- Анастас Лозанчев за Даме Груев: Аз ли малодушен или той подъл?
- сп. “Илюстрация Илинден”, 1937, кн.3, стр.8-9.
- Николов, Тома. „Спомени от моето минало“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1989.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||