Масакр во Рашанец

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Масакрот во Рашанец)

Масакрот во Рашанец — колеж врз македонското население извршен од страна на турскиот аскер за време на Илинденското востание во 1903 година. Масакрирани биле 200 души.

Историја[уреди | уреди извор]

Востанието во Охридско, кое го предводел војводата Христо Узунов, се одвивало во осумдесетина села. Кај Рашанец, охридските востаници за да го спасат населението од терор и колеж формирале бегалски логор каде имало 2.000 луѓе. Логорот го обезбедувале 120 востаници од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други кои не можеле да се спротивстават на 3.000 турски војници во одмаздничкиот налет предводени од Бахтијар паша. Масакрот траел 15 часа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]