Борис Сарафов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Борис Петров Сарафов
12 јуни 1872 - 28 ноември 1907
Boris Sarafov Portrait.jpg
македонски револуционер
Прекар: Принцот
Роден во: Либјахово, Пиринска Македонија
Починал во: Софија, Бугарија
Служба во: Македонско национално движење
Период на служба: 1895 - 1907
Чин: Претседател на Врховниот македонски комитет • член на Главниот штаб на II Битолски револуционерен округ
Единици: Четнички институт
Командува/л со: Македонски комитет • Македонската револуционерна организација
Битки/војни: Мелничко востание  • Илинденско востание
Други занимања: воен офицер
Облигација на ВМОК од септември 1900 година со подписите на Борис Сарафов и Георги Петров.
Цитат во весник
Споменик на Борис Сарафов, Македонија, Скопје

Борис Сарафов (12 јули 187228 ноември 1907) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.

По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета. Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.

По смртта на Китанчев настапува расцеп во Врховниот македонски комитет. Со поддршка на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, на Шестиот конгрес на македонската емиграција во Софија е избран за претседател на Македонскиот комитет. Со својот авантуристички дух и патриотски ентузијазам развива широка внатрешна и надвореш на активност што не е во согласност со политиката на кнезот Фердинанд. Заедно со сите членови на Врховниот комитет е уапсен, а потоа на судот е ослободен.

Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург. Тој ги помага и солунските гемиџии.

На Осмиот конгрес на македонската емиграција во Софија на чело на Врховниот комитет се поставени Бугарите Стојан Михајловски и генералот Иван Цончев. Се изострува борбата помеѓу врховистите и централистите. Настанува и струја на сарафистите.

Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија.

Ги користел псевдонимите или така го именувале: Александар Иванович, Бегот, Богдан Петров, Борис Иванов, Владимир Николаев, Керим паша, Крум, Крумски, Мајстор, Ојнак, Принцот, Торос и др. [1].

Потекло[уреди]

Либјахово[уреди]

Сарафови[уреди]

Детски години[уреди]

Борис Сарафов е роден во село Либјахово (денес село Илинден, Гоце Делчевско), во Пиринска Македонија. Тој потекнува од преродбеничко семејство - и татко му и чичко му се борат против грчката духовна хегемонија во Македонија. Основното училиште го завршува во Неврокоп (сега Гоце Делчев), а потоа образованието го продолжува во Солунската машка гимназија. Таму е активен во македонските револуционерни кружоци, каде што се запознава со Гоце Делчев.

По завршувањето на гимназијата, во 1890 година се запишува во воено училиште во Софија. Завршува во 1893 година и добива првиот офицерски чин од бугарската армија - потпоручник и служи во 15 пешадиски полк во Белоградчик. Во Софија формира македонски офицерски братства и се запознава со многу идни војводи на ВМОРО (како Христо Чернопеев, Андреј Андреев и др.)

Образование[уреди]

Дел од серијалот
„Контроверзни дејци на македонското револуционерно движење“
Христо Матов
Борис Сарафов
Тодор Александров
Иван Михајлов

Прогимназија[уреди]

Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“[уреди]

Кнежевско воено училиште[уреди]

Погледи[уреди]

Македонско револуционерно движење[уреди]

Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и од српскиот. Ние им сочувствуваме и на едните и на другите, и на Бугарите и на Србите; кој ќе го помогне нашето ослободување, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.

Борис Сарафов2 септември 1902 [2]

Мелничко востание[уреди]

Први четнички акции[уреди]

Токму кога во 1895 година Борис Сарафов добива чин поручник, во Софија, од страна на македонски емигранти е формиран Врховниот Македонски Комитет, на чело со Трајко Китанчев.

Борис Сарафов во Мелник

Борис Сарафов се согласува со барањето на Китанчев тој да учествува во четничка акција во Македонија (види Мелничко востание). Целта на ВМК во тоа време е, преку чести навлегувања на чети во внатрешноста на Македонија, да се предизвика интервенција на Големите сили за исполнување од турска власт на чл. 23 од Берлинскиот договор, со кој што на Македонија и се дава автономија. Командата на една од тие чети му е предадена на Борис Сарафов.

На 12 јули 1895 година Сарафов со чета од 70 души го напаѓа град Мелник и го зазема. Акцијата добива широк одглас во Европа, а името на Сарафов одеднаш добива голема популарност.

Од тој момент, Сарафов се откажува од кариерата во армијата и целосно и се оддава на Македонската револуција. Заедно со Гоце Делчев вршат обиколка во Македонија, каде што се сретнуваат со Даме Груев и ги проучуваат потребите за вооружување и муниција.

ВМОРО и ВМК[уреди]

Дел од серијалот
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Една година подоцна, на VІ македонски конгрес, Сарафов е избран за претседател на Комитетот. Додека тој е претседател, ВМК се претвора во организација што дава логистика на ВМОРО во внатрешноста - т.е. ВМК на ВМОРО му обезбедува инструктори, војводи, муниција, оружје и др. До 1901 година Борис Сарафов работи во соработка и полно разбирање со раководителите на ВМОРО.

Врховниот македонски комитет околу 1899 - 1900. Седнати: Тома Давидов (потпретседател), Борис Сарафов (претседател), Христо Саракинов (член советник). Прави: Антон Бозуков (член), Владислав Ковачев (член).

Во јули 1901 година Сарафов го нарачува убиството на романскиот новинар Стефан Михаилеану, којшто шири пропаганда и клевети против ВМОРО. Односите меѓу Бугарија и Романија се затегнуваат и бугарската полиција го апси Сарафов. Додека Сарафов е во затвор, во ВМК (што дотогаш е организација што и помага на ВМОРО) се случува преврат и на чело на организацијата застанува Бугаринот Иван Цончев, кој е генерал во бугарската армија. Сарафов, бидејќи во затвор, не може да направи ништо. Тогаш ВМК се обединува со Тракиската организација и се преименува во ВМОК (Врховен Македонско-Одрински Комитет). Сарафов за да спаси дел од пушките, му ги нуди на Гоце Делчев:

Делчев беше тука. За да му дадам последен доказ дека не сум му наклонет на Цончев, иако сме биле другари по служба, јас му предложив да ги земе илјадата Манлихерки за внатрешноста, затоа што инаку ќе ги земат Цончевци.[3]

Кога излегува од затвор, Сарафов се разочарува од тоа во што се трансформирал Врховниот комитет. Тој сака да се организира борба против комитетот, но Делчев е против тоа:

Делчев беше на мислење дека треба да се започне легална борба против Цончев, да се бориме преку весници, а пак за тоа нема средства. Јас им реков дека не можам да стојам тука, и да гледам како луѓето на Цончев ќе се гаврат со нас, и ќе не тероризираат, а пак јас како баба да се борам само преку пишување во весници. Делчев и Ѓорче се согласија да заминам во странство, и да се потрудам, ако може да се набават средства. Тоа беше во крајот на септември 1901 година.[4]

Сарафов во Западна Европа[уреди]

И така Сарафов тргнува да го пропагира ослободителното дело на Македонците низ Европа. Сарафов е многу убав човек, строен, со симпатични црти на лицето и многу харизматичен. Тие негови особини му овозможуваат да стапи во контакт со многу видни личности во Европа и да издејствува материјална подршка за ВМОРО.

Прва земја што ја посетува е Русија (уште во 1900). Тука стапува во контакт со грофот Игнатиев, баронесата Дистерло и со други високи луѓе на царскиот двор.

Во Виена се запознава со австрискиот гроф Јозеф и со фон Милер (идниот цивилен агент во Македонија). На нив им ја објаснува состојбата во Македонија и целите на организацијата. Почнува да собира пари за печатењето на весник „L'Effort“. На неколку пати пишува статии во весник „Temps“ во којшто пропагира за македонското дело - тоа ги збеснува Грците.

Сарафов ги обиколува и виенските казина и салони, правејќи познанства со богати луѓе од целиот свет. Така на пример во едно казино се запознава со еден богат Англичанец, кој се заљубува во Македонското дело и на Сарафов му дава 8.000 франка. Половина од тие пари Сарафов ги праќа во Софија за купување на оружје, а другите за печатење на весникот „L'Effort“ и весникот „Дело“ (весник што постојано ги критикува врховистите на Цончев).

Во Париз Сарафов има средби со истакнати политички личности на кои им говори за целите и борбата на Македонците.

Во Будимпешта Сарафов се сретнува со претставниците на српскиот двор Балукчиќ и Симиќ и со нив започнува преговори (Сарафов е првиот македонски деец што започнал преговори со Србија). Тој веднаш ги предупредува Србите дека ВМОРО е вистинската македонска организација, а не ВМОК на Цончев - како што вели во неговите спомени: да имаат доверба во мене и моите луѓе, и да се држат настрана од луѓето на Цончев, бидејќи внатрешната организација искрено работи за идејата „Македонија на Македонците“

Убавецот Борис Сарафов

На прашањето што ќе се случи со Македонија ако евентуално добие независност Сарафов им одговара: Јас им реков да бидат уверени дека кога ќе се воспостави автономна Македонија, веднаш ќе се формира најсилна партија, која ќе биде против анексијата (со Бугарија), од која страхуваат Србите. Им реков уште дека таа плејада борци за слободата на Македонија нема да плука врз своите принципи, оти Србија тогаш ќе излезе на море, бидејќи меѓу нас нема да има царински граници

По средбата со Србите, Сарафов во 1902 година оди во Женева, каде што благодарение на неговиот шарм и дипломатски способности успева да издејствува богати Англичани да му дадат 50.000 франци. Најголемиот дел од тие пари ги дава на младиот студент по право Симеон Радев за печатење на весникот „Mouvement Macedonien” во Женева. Другиот дел го праќа во Софија за купување пушки, а им испраќа пари и на Гемиџиите за извршувањето на познатите Солунски атентати.

Исто така тој се запознава и со ќерката на богатиот Англичанец, која ја натерува да се заљуби во него и да испраќа пари на ВМОРО. Како што се изразува тој во спомените: И се прилепив јас и на ќерка му на богатиот, стара мома (таа многу го симпатизираше нашето дело).

Дополнително оди во Париз и купува од таму 1.000 килограми динамит, кои ги праќа во Солун за потребите на Гемиџиите.

Кога се враќа во Софија во јануари 1903 година, разбира дека во Солун е донесена одлука за дигање на востание. По долги разговори, тој, Гоце Делчев, Ѓорче Петров и други решаваат да формираат чети и да навлезат во Македонија. Во текот на Илинденското востание е член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ, заедно со Даме Груев и Атанас Лозанчев.

Рилски конгрес[уреди]

По задушувањето на Илинденското востание, револуционерната организација доживеала огромна криза. Помеѓу членовите на организацијата дошло до остри дискусии за неуспехот на востанието. Во овие дискусии се изјавиле две гледишта кои довеле до отворена поделба во организацијата. На една страна била т.н. реформистичка (лева) струја на ТМОРО на чело со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и други, кои сметале дека е возможно ослободување или автономија без поддршка на Бугарија. Наспроти неа била конзервативната (десна) струја, на чело со Сарафов, Иван Гарванов и др. кои сметале (или се сомневале) дека без поддршка на Бугарија не може да очекува ослободување или автономија.

На Рилскиот конгрес во 1905 година било отворено прашањето за одговорноста на Сарафов. Тој бил обвинуван од сите страни, дека земал пари од српската влада за пропуштање на српски чети, за препраќање на свои чети во Македонија, давање пари на разни службеници со што предизвикувал раскол и расипништво.

Главни обвинители биле Јане Сандански и другите серчани. Тие биле поддржани од струмичаните како и од реформските делегати, а против Сарафов биле и делегатите од Битолскиот и Солунскиот округ под влијание на Дамјан Груев. Единствен кој застанал во одбрана на Сарафов бил Ѓорче Петров кој пак добил поткрепа од Пере Тошев дека амнестирањето на обвинетите е најдобро решение со што би се разрешило заплетканото прашање.

На изненадување на многумина Сандански истакнал дека во минатото сите грешеле, дека е потребно сплотување и помирување, да се остави минатото. Во тој дух се изјаснил и Ѓорче Петров, а поддршка дал и Даме Груев. На крај конгресот изгласал општа амнестија за сите обвинети вклучително и за Борис Сарафов.

Убиство[уреди]

Телата на Борис Сарафов и Иван Гарванов

Сарафов бил убиен од Тодор Паница по наредба на Окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ и лично од Јане Сандански во 1907 година во Софија заедно со Иван Гарванов.[5]

Цитати од Борис Сарафов[уреди]

...Истовремено еден руски полковник, некојси Бешков, обиколуваше низ Македонија, и се искажуваше многу неповолно за нас Бугарите во Македонија, правејќи нѐ Срби, што не се достојни за слобода и сл. По тој повод му напишав едно писмо до гроф Игнатиев, со кого се имав запознаено во Петербург. Му се оплакав за руските конзули, што отворено ѝ даваат поддршка на српската пропаганда во Македонија...
...Отидов во Хилендарскиот манастир, каде што повеќето од калуѓерите беа Бугари од Македонија...

Борис Сарафов, Спомени[6]

Жална грешка е да се претпоставува дека ние ја бараме Македонија во име на Бугарија. Ние Македонците се сметаме себеси за сосема одделен национален елемент и ни најмалку не сме наклонети кон дозволување нашата земја да биде заграбена од Бугарија, Србија или Грција. Впрочем, ние ќе се спротивставиме на било какво здружување од тој тип со сета наша моќ. Македонија мора да припадне на Македонците.

Борис Сарафов, во интервју со дописник од британски „Тајмс“ на 12 април, 1901.[7]

До Почитуваната Влада на Кнежеството Бугарија Со оглед на критичката и ужасна положба, во која се најде бугарското население од Битолскиот вилает по извршените опустошувања и ѕверства од турската војска и башибозук, со оглед на тоа, дека тие опустошувања и ѕверства на систематски начин продолжуваат и не може да се предвиди до каде ќе отидат; со оглед и на тоа, дека тука сe бугарско ризикува да изгине и се затре без спомен од насилства, глад и настапувачката мизерија. Главниот штаб смета за свој долг да му обрне внимание на Почитуваната Бугарска Влада на катастрофалните последици за бугарската нација, ако таа не си го исполни својот долг спрема своите еднородни браќа тука на еден впечатлив и активен начин, како што се налага од силата на околностите и опасноста, која што ја загрозува бугарската татковина денес.

Борис Сарафов,  со Даме Груев, писмо на Главниот штаб на Вториот македонско-одрински револуционерен округ до Бугарската влада, 9 септември 1903 година.[8]

Автономната македонска идеја не скара со бугарската влада. Зар поранао со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинанд? Зар... Рачо Петров кој со своето Министерство толку грижливо се зафати да не скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македоската граница и да водиме чети? Не фалеа зошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македонските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинанад... го примамуфа ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот - Македонија

Борис Сарафов, Интервју со Амфитеатров во 1901 година[9]

Белешки[уреди]

  1. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.7, 15, 17, 18, 23, 52, 56, 62, 73, 80, 95
  2. M. Malecki, Z zagadnien dialaktologii macedonskiej, Rocznik Slawistyczny (Krakow), XIV (1938), p.142
  3. Од спомените на Борис Сарафов.
  4. Од спомените на Борис Сарафов.
  5. Христо Силjанов, „Ослободителните борби на Македониjа“, том II, глава 43 "Убиството на Иван Гарванов и Борис Сарафов", стр. 489-500. (бугарски)
  6. Сарафов, Борис. Спомени, 1927, с. 43.
  7. Интервју на дописник од британски „Тајмс“ со Борис Сарафов на 12 април, 1901.
  8. Писмо на Главниот штаб на Вториот македонско-одрински револуционерен округ до Бугарската влада во врска со положбата на востанатото население и барање на помош од страна на Бугарија - 9 септември 1903 година.
  9. Право,I/34,8.07.1895.

Надворешни врски[уреди]