Христо Куслев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Куслев
Роден 18 март 1877
Кукуш, Егејска Македонија
Починал 19 септември 1943
Подгорица, Црна Гора
Познат раководител на ТМОРО

Христо Куслев (18 март 1877, Кукуш, Егејска Македонија - 19 септември 1943, Подгорица, Црна Гора, Подгорица) — македонски деец, струмички војвода, учесник во македонското револуционерно движење, еден од раководителите на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание.

Животопис[уреди | уреди извор]

Христо Куслев е роден на 18 март 1877 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Потекнувал од трговско семејство. Студирал до трети клас во Кукуш, а во 1896 - 1897 студира до VI одделение во машката егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј во Солун. Како ученик се приклучил на Македонската револуционерна организација заедно со 20 други свои соученици. Сите тие биле покрстени од поп Стамат Танчев. Во 1897 година бил примен во јункерското училиште во Софија, но се откажал и со помош на Ѓорче Петров од 1898 година учителствувал во Лешко. Таму како раководител ја зајакнал револуционерната мрежа и ја проширил во околните села и создал канал за пренос на оружје од Бугарија. Во учебната 1899/1900 година тој бил учител и раководител во селото Долнo Порој, а во учебната 1900/1901 година бил поставен за учител во пиринското село Цапарево [1][2]. Во септември 1901 година станал учител во Крушево, но бидејќи бил прогонуван од страна на властите во ноември преминал во илегала. Од почетокот на 1902 година станал секретар во четата на Атанас Тешовалиjaта во Разлошко. Потоа, преминал во Бугарија, а во јануари 1903 година повторно влегол во Македонија со четата на Гоце Делчев. Останал во Струмичко на чело на една мала чета, со која учествувал во Илинденското востание во летото истата година. По востанието во 1907 година завршил заболекарство во Виена, по што се преселил во Подгорица, каде работел како заболекар. Умрел во Подгорица на 19 септември 1943 година каде бил и закопан.[3][4][5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Христо Куслев направил грешка во своите спомени кога вели дека за учител во Долно Порој бил поставен во 1900/1901 година. Во 1900/1901 година тој бил учител во Цапарево каде го затекнала Солунската афера исто така од настаните кој тој ги опишува се гледа дека во 1899/1900 година бил во Поројско, а во 1900/1901 во Каршијак, види Спомени на Хр. Куслевъ
  2. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
  3. Енциклопедия Пирински край, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 491.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 99.
  5. Кратка биография от сайта на МНИ
  6. Христо Куслев, Спомени