Гоно Манчев
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Гоно Манчев | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 26 септември 1883 Робово, Република Македонија |
|---|---|
| Починал | 27 септември 1926 Беласица, Република Македонија |
Гоно Христов Манчев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, подоцна се приклонува на конзервативното-централистичко крило и станал струмички војвода на ВМРО (Автономистичка).
[уреди] Биографија
Манчев е роден во 1883 година во струмичкото село Робово, тогаш во Отоманската империја. Завршил основно образование. Член на ВМОРО станал во 1901 година и учествувал во Илинденското востание. До 1912 година бил курир на ВМРО (Автономистичка). Во периодот од 1921 до 1923 г. бил струмички помошник на војвода, а од 1924 бил самостоен војвода во Струмичко. Загинал во 1927 година во месноста Коџа Баир во планината Беласица во судир со српски чети [1][2].
[уреди] Извори
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 99.
- ↑ Свобода или смърт, 1928, бр. 62, стр. 3-4