Гоно Јотов
| Гоно Јотов | |
| Андартски капетан | |
| Роден | 1880 Ениџе Вардар, Македонија |
|---|---|
| Починал | 12 февруари 1911 Ниси, денес Грција |
Георги Јотов, наречен Гоно, познат како Гонос Јотас или Јоргос Јотас (грчки: Γκόνος Γιώτας, Γιώργος Γιώτας) е андaртски капетан и учесник во Борбата за Македонија.
[уреди] Биографија
Гоно Јотов е роден 1880 година во Ениџе Вардар (Па̀зар), Македонија, денес Јаница, Грција. Неговиот татко бил од патријаршиското село Кадиново [1]. Според некои извори тој е прв братучед на војводата Апостол Петков Терзиев од Македонската револуционерна организација [2], во чија што чета тои првоначално бил четник.[3].
Со засилувањето на грчката воружена пропаганда, Јотев застанал на чело на една андартска чета во реонот на Ениџевардарското езеро. Гоно како месен жител ги кординирал дејствијата на подоцна пристигнатите андарстки чети под команда на Аграс (Телос Агапинос), Никифорос (Јоанис Деместихас) и Акритас (Константинос Мазаракис).
Овие чети биле првенствено составени од Грци и тие не ги познавале месните услови во Македонија ниту пак јазикот на Македонците.
Овие неколку андартски чети, сместени во околината на Негуш, ја започнале борбата за Ениџевардарско со војводата Апостол Петков од Македонската револуционерна организација.
Четата на Гоно зедно со првата организирана грчка чета - таа на капетанот Петрилос (Константинос Буковалас), почнале да вршаат притисок врз неколку егзархиски села да се откажат од Бугарската егзархија и да преминат кон Цариградската патријаршија Зорбатово (денес Микро Монастири), Кангалич (Врахија), Крџалиево (Адендро) и Постол (Пела).
Во март 1905 година Гоно со својата чета се сместил во колибите Чекрии , Али и Лака и заедно со штотуку пристигнатата андартска чета на капетан Аграс ги нападнал егзархиски села во областа Сланица - Света Марина (Агиja Марина), Јанчишта (Агиос Георгиос), Агоре, Голо село (Акролимни), Луковишта (Палеа Ликојани), Бозец (Атира).
На 14 ноември 1906 година четите на Гоно и капетан Аграс ја нападнале базата на Апостол Петков кај селото [Жервохор]] (Палео Зервохори), но според Христо Силјанов тие биле одбиени и имале девет убиени и неколку ранети души, а меѓу нив бил и самиот Аргас [4] Гръцки източници твърдят, че андартите са постигнали голяма победа.[5] .
Гоно со својата чета од 35 души ја продожил борбата со Апостол Петков во текот на 1907 и 1908 година се до Младотурската револуција.
По Хуриетот, Гоно продолжил да врши притисок врз егзархиски села во ениџевардарско и негушко за да преминат кон Цариградската патријаршија.
Кон крајот на 1908 година бил принуден да замине за Атина. Таму со собраните пари си купил хотел и се ставил на располагање на грчкиот генерал штаб.
По враќањето во Македонија, Гоно бил предаден докторот од Антонаки и капетан Апостолис Матопулос и на 12 февруари 1911 година кај селото Ниси [6].
[уреди] Извори
- ↑ Кадиново на сайта на Дем Александър Велики
- ↑ "Ο εμφύλιος τον προτομών". Κυριακάτικη Ελευθεροτυπία, 26/11/2000
- ↑ Πηνελόπη Δέλτα. "Στα μυστικά του Βάλτου", 1937, σ.383-384
- ↑ Христо Силянов. Борбите към Енидженското езеро, ч.2 (из „Освободителните борби на Македония“, т.II)
- ↑ Ο Μακεδονικός Αγώνας και η λίμνη των Γιαννιτσών
- ↑ Ο ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ ΣΤΟ ΝΗΣΙ