Јордан Гавазов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Гавазов
Роден 1868
Прилеп, Македонија
Починал 1898
Прилеп, Македонија

Јордан Гавазов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јордан Гавазов е роден во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. По професија е железар. Заедно со Даме Груев, Александар Хаџи Панов и Јордан Поп Костадинов го создале Прилепскиот револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација во 1894 година.

Во 1896 година е уапсен и затворен во битолскиот затвор, уапсен е како учесник во убиството на беговските зулумџии во Небрегово во 1894 година, нападот бил извршен од Дедо Димо и неговите другари. Во затворот, Јордан Гавазов, заедно со Стојан Лазов и Дончо го прободеле со ками неколкупати Мицко Крстевски, по што Мицко конечно преминал во услуга на српската пропаганда во Македонија [1][2].

Зимата на 1897-98 година Јордан Гавазов успеал да се ослободи од затвор и емигрирал во Бугарија. Заедно со Христо Чемков повторно навлегол во Македонија, во мај 1898 година, со идејата да формираат организациска чета во Прилепско со Харалампи Џуров и Стојан Димитров - Акчијата [3].

Во Прилеп, Гавазов и Чемков биле опколени во една куќа и за да не бидат заробени се самоубиваат, а пред тоа го убиле полицискиот началник и неколку војници [4].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Тома, „Спомени от моето минало“, Изд. на Отеч. фронт, София, 198 г. [1]
  2. Силяновъ, Христо, „Освободителнитѣ борби на Македония, II“, София, 1943, стр. 279
  3. Петров, Тодор. Нелегалната армия на ВМОРО в Македония и Одринско (1899-1908), Военно издателство, София, 2002 г., стр. 24.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 28.