Михаил Димев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Михаил Димев
Роден 15 август 1878
Битола, Македонија

Михаил Димев Ќосев, наречен Мише Ќосето, — македонски револуционер, битолски селски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Михаил Димев е роден на 15 август 1878 година во Битола, тогаш во Отоманското Царство. Добива основно образование и станува член на ВМОРО во 1898 година. Учествува во терористичката група на Иван Кафеџијата. Од 1901 година е градски војвода, а во Илинденското востание е војвода на чета и учествува во борби во Смилево. По задушувањето на востанието Михаил Димев станува член на околискиот комитет на ВМОРО во Битола. За време на Хуриетот во 1910 година е уапсен и осуден на 15 години затвор, но наскоро потоа е амнестира. Од 1911 година ја продолжува револуционерната дејност и е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет на ВМРО [1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 108.