Младотурска револуција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Младотурска револуција
Young Turks 1909 2.jpg
Влегување на Младотурците во Цариград
Датум 1908
Место Отоманска империја
Исход Победа на револуционерите
Завојувани страни
Комитетот Единство и напредок, Македонската револуционерна организација и др. Султан Абдул Хамид II

Младотурска револуција — голем општествен пресврт во Отоманската империја во 1908 г. во против апсолутизмот на султанот Абдул Хамид II. Револуцијата била крената од Младотурците кои имале формирано својата партија уште во 1889 година.

Причини[уреди]

Во почетокот на 20 век големите европски сили вршеле притисок врз Османлиската империја со цел да ја променат. Иста цел имале и младата турска интелигенција која билa свеснa дека султанската власт е сериозно поткопaна и дека мора да дојде до промени. Идејата за реформи се појавила најпрво кај младите офицери кои се школувале во западноевропските држави. Прогонувани од султанската власт Младотурците создале центар за дејствување прво во Западна Европа, а нивното движење особено се засилило кога Солун станал нивни политички центар и кога ја зеле под своја контрола турската војска.

Почеток на револуцијата[уреди]

Револуцијата започнала на 3 јули 1908 година кога во Ресен младиот офицер Ахмед Нијази-бег организирал прва востаничка чета составена од турски војници и граѓани. Наскоро востанието се проширило низ цела Македонија. Битола била заземена на 22 јули и при тоа биле ослободени сите политички затвореници: Македонци и Албанци.

Настанало општо збратимување меѓу до вчера закрвените народи. На 22 јули до султанот бил упатен дводневен ултиматум да го врати Уставот, а на 23 јули во Солун избувнале масовни демонстрации организирани од Младотурците, на кои учествувале околу 30.000 луѓе. И во Солун биле ослободени политичките затвореници.

Под притисок на ова масовно движење, султанот на 24 јули 1908 година го обновил Уставот од 1876 година и распишал избори за Претставничкиот дом (меџлисот). На изборите кои се одржале есента 1908 година од Македонија биле избрани Тодор Павлов, Панчо Дорев, Христо Далчев и Димитар Влахов.[1]

Цел на Младотурците[уреди]

Младотурски револуционери

Целта на Младотурците се темелела врз фактот дека Османлиското царство пропаѓа и ги губи сите свои освоени области. Но, по нивното стапување на власт се покажало дека ни тие не се во состојба да го спречат губењето на турските територии. Покрај тоа, од нив се очекувало модернизација, уставотворност, а можеби и демократизација на земјата, но кога дошле на власт и овие очекувања не биле исполнети.

По доаѓањето на Младотурците на власт уследиле мерки за давање политички слободи. Овој период на слободен живот кој траел кратко време е познат под името Хуриет (Слобода).

Сепак, набрзо се покажало дека Младотурците не ги спровеле реформите онака како што ветувале. Ги задржале постојните феудални институции, дури го оставиле султанот и натаму да владее.

Младотурците и ВМОРО[уреди]

Санданисти и младотурски офицери
Манифест од 18 јули 1908 година

Во Младотурската револуција било инволвирано и македонското население. Во неа учество зеле и Македонци на чело со Јане Сандански кои се бореле за целите на Младотурците како и за добивање на автономија. Откако уставот бил вратен на сила, четите на ВМОРО по наредба на Јане Сандански слегле од планините во градовите и учествувале во свеченостите по повод победата на Младотурците.

На 31 јули 1908 година Сандански упатува Манифест до сите народности во Османската империја, во кој, а меѓу другото истакнал:

Сонародници,

Вие, кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Сега вие не сте сами - ете зошто вашата борба станува уште полесна и понадежна. Со заедничките усилби на сите народности ние ќе ја извојуваме нашата слобода. Не подавајте им се на престапната агитација која можеби ќе ја поведат официјалните власти во Бугарија против вашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода.

Драги сотатковници,

Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата атмосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија? Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на светата слобода пред гнасниот јарем на ропскиот живот. Бодроста, самопожртвуваноста и постојаната подготвеност за борба - ете што треба да не воодушевува во овој голем момент. Смрт на тиранијата - за да живее народот! Да живее слободата! да живее солидарноста меѓу народите! Да живее големата народна борба! Да живее народот! [2]

Контрареволуција и нејзино задушување[уреди]

На 13 април 1909 година султанот извршил противудар и младотурците биле истерани од парламентот и од владата. Следувала противофанзива во која на страната на младотурците учествувале и Јане Сандански, Тодор Паница и Христо Чернопеев заедно со уште 1.200 македонски револуционери.

По тридневни борби, на 24 април, контрареволуцијата е совладана. На 27 април султанот Абдул Хамид II е сменет, а за нов султан е поставен Мехмед Решад V.

Мерки на Младотурците[уреди]

Набрзо Младотурците воведуваат рестриктивни мерки. Биле донесени закони против вооружените чети, против политичките партии и организации формирани на етнички и верски основи (од октомври 1909 година) и против работничките штрајкови.

Со тоа била отфрлена можноста за добивање на автономија на Македонија во рамките на Турција за што се залагала Народната федеративна партија.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Јусуф Хамза „Младотурската револуција во Османската империја“, „Логос-А“, Скопје, 1995, 236 стр.
  2. Манифест до сите народности во Османската империја

Надворешни врски[уреди]