Андреј Кезепов
| Андреј Кезепов | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 1878 Јанковец, Македонија |
|---|---|
| Починал | 11 април 1903 Сенокос, денес Бугарија |
Андреј Кезепов бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
[уреди] Биографија
Казепов роден 1878 година во горнопреспанското село Јанковец, тогаш во Отоманската империја. Учел во Цариград и во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ (1896 - 1899). Завршил во Битолската егзархиска гимназија, каде што учител му е Дамјан Груев. Во Битола, заедно со Георги Баждаров, Трпен Марков, Георги Христов и Георги Тодоров формирал ученички револуционерен кружок, на чело со Марков [1][2].
Учителствал во Банско (1900 - 1901) и Струмица (1901 - 1902). За револуционерна дејност е проследуван од страна на властите и е принуден да емигрира во Бугарија. Во април 1902 година се враќа во Македонија и влегува во четата на Јане Сандански. За време на Илинденското востание дејствува во IV востанички округ - Пирин. По поразот на востанието од пролетта 1904 година е кресненски војвода на Организацијата и загинал во борба со османлискиот аскер во близина на селото Сенокос.
Во чест на покојниот Андреј Казепов, името Казепов е прифатено од Георги Стојанов, кој станал познат како Георги Казепов.
[уреди] Извори
- ↑ Баждаров, Георги. „Моите спомени“.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 136.