Наум Томалевски
| Наум Томалевски | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 14 април 1882 село Крушево, Македонија |
|---|---|
| Починал | 2 декември 1930 Софија, Бугарија |
Наум Томалевски бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација, Расколот во ВМРО бил приврзаник на протогеровистите.
[уреди] Биографија
Томалевски е роден на 14 април 1882 година во Крушево, тогаш во Отоманската империја. Негов брат е писателот есеист Георги Томалевски. Томалевски во 1901 година е ученик во Битолската егзархиска гимназија таму се приклучил во Македонската револуционерна организација. Прогонуван од властите, бега во Софија, каде што го завршува своето образование. Пишува во весникот "Дело". Во 1902 година е учител егзархиското педагошко училиште во Скопје.
Во 1903 година учествува во Илинденското востание. Во домот на неговите родители (денес Музеј на Илинденското востание и Крушевската република) во Крушево се прогласува Крушевската република. Станува учител во Крушево во 1904 година, каде што е член на околискиот комитет на МРО и работи за обнова на револуционерната организација. Прогонуван од властите, Томалевски повторно бега во Бугарија каде што учителствувал во Ораховско и Белослатинско.
Завршува филозофија во Женева и Фрибур. Во Првата светска војна завршува школа за резервни офицери и е назначен за градоначалник на Крушево.
На 3 февруари 1920 година заедно со Тодор Александров, Александар Протогеров, Иван Каранџулов, доктор Никола Стојанов, Георги Баждаров, Михаил Монев, Аргир Манасиев и други учествува на седницата на која се донесува одлука за возбновување на четничката дејност во Вардарска и Егејска Македонија. Бил испратен од ВМРО на специјална мисија во Западна Европа. Наум Томалевски е меѓу членовите основачи на Македонскиот научен институт. Од основањето на ВМРО до 1928 година е член на Задграничното претставништво заедно со Кирил Прличев и Георги Баждаров.
Томалевски пишува во весникот "Народност" (1918 - 1919), "Вардар", "Македонија", "Неделна зора". Дел е од редакцијата на списанието "Македонија". Во јануари 1924 година, Александар Протогеров и Наум Томалевски се среќаваат во Лондон со Стјепан Радиќ, за заедничка активности на ВМРО и хрватската опозиција. Заедно со Георги Баждаров и Јордан Ѓурков прават турнеја во Европа во мај 1925 година, во Австрија успешно договараат заеднички дејствија против Југославија со австрискиот министер за одбрана, унгарскиот премиер и со претставници на италијанската влада.
По убиството на Александар Протогеров во 1928 година Томалевски застанува на страната на "протогеровистите". Иван Михајлов издава наредба за убиство на Наум Томалевски. На 2 декември 1930 година Томалевски и телохранител му се убиени од Владо Черноземски и Андреј Манов на улицата "Руен" 23, каде што се наоѓа домот на Томалевски.
Син на Наум Томалевски е бугарскиот архитект Богдан Томалевски [1]
[уреди] Мисли
- “Борбата за слобода на Македонија, е борба на идеализам, на жртви и несебичност“