Блаже Крстев
| Блаже Крстев | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 1873 с. Бирино, Крушевско |
|---|---|
| Починал | 31 мај 1911 Журче, Демирхисарско |
Блаже Крстев (1873 – 31 мај 1911), познат и како Блаже Биринчето или Блаже Крстев-Биринчето, е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Содржина |
[уреди] Биографија
Крстев е роден во Бирино, Крушевско и се вклучил со ТМОРО како организатор и водач. Пред Илинденското востание формирал своја чета со четници од своето село.
За време на Илинденското востание, на самиот ден 2 август 1903 година Блаже Биринчето заедно со здружените чети на Иван Наумов Алабакот ја напаѓа и освојува Крушевската касарна.
По освојувањето на градот Крстев со својата чета се бори заедно со четите под раководство на Питу Гули во падините на Крушево и одбиваат 6 турски напади кои завршуваат со огромни губитоци за Турците.
По Илинденското востание, Блаже Крстев е еден од малкуте што остануваат меѓу народот и прават подготовки за новата борба. Во крајот на 1904 година се вклучува во четата на неговиот соборец од востанието Иван Наумов Алабакот и заминуваат заедно во Велешко за да се борат против четите на Српскиот четнички покрет кои се појавуваат таму веднаш по Илинденското востание.
Во 1905 година заедно со големата здружена чета на Ѓорѓи Сугарев и Иван Наумов Алабакот во Пореч и Азот (Велешко) ја извршуваат познатата акција против Српските четници. По разочарувањето од Младотурците, Крстев продолжува со борбата, формирајќи реонска чета.
Загинува на 31 мај 1911 година со турскиот аскер кај селото Журче, Демирхисарско [1][2].
[уреди] Извори
- ↑ Стефанов, Алексо. Революционната дейност в Демирхисар
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 19.
[уреди] Литература
- Максим Стојановски Блаже Крстев-Биринчето: крушевски војвода, Битола, 1983.
[уреди] Галерија
-
Четата на Блаже Кртстев и Георги Ралев