Димче Берберчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димче Берберчето
Роден 1875
Велес, Македонија
Починал 1910
Рилски манастир, Бугарија

Диме или Димче Стојанов, познат како Берберчето, — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Димче Берберчето во комитска носија

Димче Берберчето е роден во 1875 година во градот Велес и уште како мал останува сирак [1]. По професија е бербер, занает којшто го изучува кај својот брат во Скопје [1]. Таму се запознава со револуционерните движења и влегува во ВМОРО, првично како терорист. Во 1900 година го убива агентот на српската пропаганда Тонче Султанчев и станува нелегален четник при Гоце Делчев во Штипско. Во 1901 година е осуден, во отсуство, на смрт од страна на властите. Од летото 1902 година дејствува во кратовско како самостоен војвода. Зема учество во Илинденското востание во 1903 година. По востанието, учествува во неколку битки, а во една од нив загинува неговиот брат Андреј [1]. Во борба против османлиските власти загинуваат и другите двајца негови браќа [1]. Умира од туберкулоза во Рилскиот манастир во 1910 година [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ал. Кипров, Диме Стојанов - Берберчето, Илустрација Илинден, година 3, книга 2 (22), јануари 1930, стр. 13.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 159.