Димитар Делчев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Димитар Делчев
Dimitar delchev.jpg
македонски револуционер
Роден 1879
Кукуш, денес Грција
Починал 4 февруари 1901
Бајалци, денес Грција

Димитар Николов Делчев, познат како Мицо Делчев, бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација

[уреди] Биографија

Mitso Delchev.jpg
Споменикот "Паднати за слободата на Македонија" во Ќустендил со името на Делчев (30-и во втората колона).

Димитар Делчев е роден 1879 година во Кукуш, тогаш во Отоманската империја, денес Килкис, Грција. Се родил како втор син на Никола Делчев и Султан Делчева, а негови браќа се Гоце, Милан и Христо Делчев. Димитар Делчев учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што се приклучил во Организацијата, учествувал во неколку терористички акции, а исто така и во бунтот на учениците во егзархиската гимназија. Летото 1900 година се вклучил во четата на Христо Чернопеев. На 4 февруари 1901 загинува во борба со турски аскер кај селото Бајалци [1][2].

[уреди] Извори

  1. Кьосев, Дино. „Гоце Делчев, Писма и други материали“, БАН, София, 1967.
  2. Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици