Неделко Дамјанов
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Неделко Дамјанов | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 1869 Битола, Македонија |
|---|---|
Неделко Дамјанов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.
[уреди] Биографија
Неделко Дамјанов е роден во 1869 година во Битола, тогаш во Отоманската империја. Во 1890 година завршил при бугарската егзархиска гимназија во Солун, а потоа учителствувал во Прилеп, Битола, Смилево и на други места. Подоцна бил трговец. Во 1900 година е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет [1]заедно со Георги Поп Христов, Васил Пасков, Георги Пешков и Ацо Дорев. Георги Поп Христов за него пишува:
- ... бивш учител, беше стар работник во делото, во градот имаше сопствен ан и фурна. Тој имаше врски со Мариово и селата. И тој беше добар советник во делото и извонредно чесен раководител [2].
[уреди] Извори
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 41 - 42.
- ↑ Спомени на Георги Поп Христов