Ванчо Србаков

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Ванчо Србаков
Vancho Sarbaka.jpg
македонски револуционер
Роден кон крајот на 19 век
Вранештица, Македонија
Починал 24 април 1905
Цер, Македонија

Ванчо Србаков бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

[уреди] Биографија

Роден е во с.Вранештица, Кичевско. На млади години заминал во Бугарија и таму работел како фурнаџија. Во април 1903 година се вратил во Македонија и како војвода со чета дејствувал во Кичевскиот крај. Зел активно учество во Илинденското востание. Заедно со четите на Лука Џеров, А.Мицков, Србакот учествувал во нападот на Кичево. Загинал на 24 април 1905 година во една борба со турскиот аскер кај селото Цер, Кичевско, заедно со војводата Христо Узунов [1].

[уреди] Извори

  1. Тома Николов, Спомени от моето минало

[уреди] Галерија

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици