Атанас Албански
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Атанас Албански | |
| Роден | 1880 Горно Јеловце, Македонија |
|---|---|
| Починал | 30 ноември 1943 Софија, Бугарија |
Атанас Јакимов Албански бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација .
[уреди] Биографија
Албански е роден во 1880 година во гостиварското село Горно Јеловце. Завршува скопското егзархиско педагошко училиште и станува егзархиски учител во Скопје. Влегува во ВМОРО и станува член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Во Илинденското востание е војвода во Тетовско и Гостиварско. По востанието од 1904 година е секретар на четата на Ванчо Србаков, а од 1907 година - на Иван Алабакот.
По Првата светска војна од 1928 до 1934 година е полномошник на Централниот комитет на ВМРО во Петрич [1].
[уреди] Наводи
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.