Алексо Поројлијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алексо Поројлијата
Роден 20 октомври 1864
Долно Порој, Егејска Македонија
Починал 15 јули 1903
Стиник, Струмичко, Македонија

Алексo Николов Малчев, познат како Пороjлиjaта или Пороjски — македонски револуционер, војвода и деец на Македонската револуционерна организација и Врховниот македонски комитет.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Алексо Поројлијата е роден во 1864 година во селото Долно Порој, Валовишко, Егјска Македонија. Како млад работи самарџиство и земјоделство. Влегува во ВМОРО во почетокот на октомври 1895 година и станува терорист на организацијата. Четник е при Михаил Апостолов и Михаил Поројлијата. Во летото 1900 година е четник при Михаил Чаков, a на крајот на годината бил избран за војвода на Организацијата во Поројско и Петричко.[1] По жалба на четниците, Гоце Делчев му го одзел војводското звање и на негово место го поставил како војвода Миле Поп Јорданов. Алексо се присоединува кон четата на Иван Савов, а подоцна станува самостоен војвода на ВМОК во неговото родно Поројско. Алексо војвода води голем број на борби со турскиот аскер во Поројско и Петричко. Учествува во Горноџумајското востание во 1902 година. Според Христо Силјанов, во обидите за зацврстување на врховизмот во Источна Македонија Алексо се служел со "предавства, гонења и со закани".

Сам ги убива дејци на ВМОРО, Александар Илиев и Петричкиот војвода Кецкаров.

Алексо Поројлијата загинува во борба со турскиот аскер на 15 јули (стар стил)) 1903 година во месноста Аџиица помеѓу селата Стиник и Игуменец, Петричко.[1] Тешко е повреден и за да не падне жив во рацете на непријателот се самоубива со револверот. Во истата борба загинува и четник Гого Стојанов од селото Бахтијар. Војската ги исекла нивни главите, ги набила на колци и ги разнесувала низ Стиник, а оттаму во Петрич и Демир Хисар.

Од декември 1901 година до неговата смрт тој води 19 борби со турските потера. Внук на Алексо Поројлијата е Димитар Грчев [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 6
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 39.