Христо Поп Коцев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Поп Коцев
Роден 5 јануари 1869
Ново Село, Македонија
Починал 30 април 1933
Варна, Бугарија

Христо Поп Коцев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Поп Коцев е роден на 5 јануари 1869 година во Ново Село, Штипско, тогаш во Отоманското Царство. Во 1887 година завршува бугарска (егзархиска) гимназија во Солун, а во 1892 - славјанска филологија и литература на Софискиот универзитет. Работи како учител во Цариград, Едрене, Скопје, Солун, Штип и други.

Во 1895 г. Даме Груев му ја доделува задачата да го формира првиот револуционерен комитет во Одринско. Оваа задача Поп Коцев успешно ја извршил и била поставена основата на Одринскиот револуционерен округ [1]. Во почетокот на 1896 година тој и Павле Генадиев го формирале Одринскиот револуционерен комитет, чиј прв претседател е Поп Коцев. Истата година е назначен за учител во Солунската гимназија и е претставник на Одринско во текот на Солунскиот конгрес. Во 1898 година е уапсен, а во март 1899 година е осуден на 4 години затвор. Во јануари 1903 година по неговото ослободување учествува во работата на Солунскиот конгрес од 1903 година. Во периодот меѓу 1903 - 1904 година е на чело на Централниот комитет.

Во текот на Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во Нестројната чета при 9-та Велешка дружина. Награден е со орден со круна [2]. Градоначалникот на Скопје од 1917 до 1918 година. Автор е на книгата "Стари и нови писатели за Бугарите во Македонија", која е издадена во 1933 година во Варна.

Починал на 30 април 1933 година во Варна [3].

Објавени книги[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Freedom or Death, The Life of Gotsé Delchev, by Mercia MacDermott, Journeyman Press, London & West Nyack, 1978, стр. 230.
  2. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 381.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 135.