Лука Ѓеров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лука Ѓеров
Роден Лука Ѓеров
27 октомври 1870
Битола, Отоманско Царство
Починал 20 ноември 1948 (возраст: 78)
Софија,  Бугарија
Националност Македонец
Занимање револуционер

Лука Ѓеров (познат и под имињата Лука Геров и Лука Џеров[белешка 1]; 27 октомври 1870 во Битола20 ноември 1948 во Софија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е на 27 октомври 1870 година во Битола. Основно образование завршил во родниот град, а потоа ја завршил и Солунската егзархиска гимназија.

Со револуционерна активност почнал да се занимава во својот град пред создавањето на Организацијата. Во неа е вклучен лично од Даме Груев. Во 1892 година, во Софија, соработувал во списанието Лоза (1892-1894) и во весникот Глас македонски (1893-1898). На двапати со чета влегува во Македонија.

Учествувал во Мелничкото востание во 1895 година.

Во 1896 година е именуван за учител во Демирхисарско а потоа во Кичево (1897-1898). За својата револуционерна активност одлежува нешто повеќе од една година во турските затвори во Кичево и Битола. По излегувањето од затворот присуствувал на Смилевскиот конгрес и бил избран за началник на Кичевскиот востанички реон.

При востаничкиот напад на Кичево, командувал со одред од 200 востаници. По востанието се повлекол во Бугарија и таму и се приклучил на Серската група.

Умира во Софија, на 20 септември 1948 година.[3]

Именувања[уреди | уреди извор]

По него е именувана улица во Скопје.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Во македонската историографија неговото презиме е Ѓеров, меѓутоа понекогаш се сретнува како Геров. Во бугарската историографија неговото презиме е Джеров, односно Џеров

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џиков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1639. Text "series " ignored (help)
  2. Кратка биография на Лука Джеров
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 45.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]