Мануш Георгиев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мануш Георгиев
Manush Georgiev.jpg
македонски револуционер
Роден 10 август 1881
с. Турново, Република Македонија
Починал 7 февруари, 1908
с. Долна Рибница, Република Бугарија


Мануш Ѓорѓиев Турновски бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација [1][2].

Биографија[уреди]

Тој е (роден на 10 август 1881 г. во Турново, Струмичко) бил македнски револуционер. Како ученик во педагошкото училиште во Сер влегол во револуционерната организација.

Заради учество во бунт против директорот на училиштето во 1903 година е исклучен. Истата година станува нелегален.

Учествува како делегат од Струмичкиот револуционен округ на Рилскиот конгрес на ВМРО во 1905 година.

1907 година е избран за член на Окружниот комитет и помошник струмички војвода и заменик на војводата Христо Чернопеев.

Загинал на 7 февруари 1908 година во месноста Трнка кај селото Долна Рибница, Петричко, во борба со турскиот аскер.

Заедно со него загинале 25 четници и петричкиот војвода Васил Скендеров.

Народна песна за Мануш војвода[уреди]

Манушов гроб над село Долна Рибница.

Поради јунаштвата и заштитничкиот однос кон македонскиот народ од струмичко, народниот пејач испеал и песна посветена на Мануш Георгиев позната како „Мануш војвода“, чиј текст е:

Мануш војвода
Стига сме јале, јале и пиле,
вино, ракија и руди јагниња
Развивај бајрак ти Мануш војвода
Развивај бајрак низ Струмичко Поле х2
Нашите мајки се у црно одат,
се у црно одат и за нас жалат
Развивај бајрак ти Мануш војвода
Развивај бајрак низ Струмичко Поле х2
Нашите сестри бело цвеќе садат,
бело свеќе садат ама не се китат
Развивај бајрак ти Мануш војвода
Развивај бајрак низ Струмичко Поле х2

Надворешни врски[уреди]

Извори[уреди]

  1. „Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр. 101-103.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 31.