Иван Манолев
Од Википедија, слободната енциклопедија
Иван Манолев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
[уреди] Биографија
Манолев е роден во градот Кукуш, тогаш во Османлиската империја, денес Килкис, Грција. Во 1891 година завршува Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, по што учи во Вишото училиште во Софија, каде што во 1896 година завршува словенска филологија. Од 1898 до 1899 година е учител во Гевгелија. Влегува во ВМОРО и станува член на околискиот револуционерен комитет во градот. Во 1901 година го придружува на Гоце Делчев при неговата обиколка низ Костурско [1].
[уреди] Извори
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 98.